Обраќање на Жан Дрвошанов, претседател на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица по повод Велигден

Сабота, 23 Април 2022

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, Жан Дрвошанов по повод Велигденските празници со свое обраќање до граѓаните и членството на неговата партија.

Почитувани сограѓани,

Празниците се денови кога си спомнуваме за настани кои оставиле траен белег на заедницата. Спомен на победата и човечкиот непокор кој останува светилник на иднината.

Наша обврска е да ги чуваме народната традиција и заветот. Да ги почитуваме доследно и да ги пренесеме автентично на генерациите по нас.

Големите верски и државни празници оваа година ги пречекуваме во знакот на меѓучовечки конфликти. Сериозна криза на политички, економски и здравствен план.

Токму затоа, големиот христијански празник Велигден е ден на голема надеж. Надеж дека човечката природа ќе го почуствува својот повик и мисија на хуманост, солидарност.

Основната порака на нашиот голем верски празник е да ги собереме рацете во прегратка околу ближните и да ги подадеме еднакво кон пријателите и непријателите. 

Оваа година и празникот на трудот минува во знакот на протести и незадоволство од економските услови. Кризата која во нашата економија трае веќе подолго време, овие денови најде место во трпезата на работникот.

И затоа во Македонија незадоволството стана дел од секојдневието.

Почитувани сограѓани,

Нашата обврска за празниците е да ги повикаме сите, во деновите што претстојат, заедно да ја надминеме секоја криза и секој предизвик кој ни претстои.

Но, нема да може да се соочиме со проблемите ако не сме спремни да им погледнеме во лице на фактите, на бројките, да почнеме да ги разликуваме способните од оние на кои не им се работи, да умееме да го препознаеме чесниот и искрен збор наместо празно ветување.

ВМРО-ДПМНЕ ја дава надежта за секој граѓанин дека правдата, еднаквоста и работата за татковината и општината ќе биде приоритет во иднината.

Доаѓаaт времиња кои бараaт од нас препознавање на проблемот и нивно итно решавање во полза на секој поединец.

Овие празници се порака до секого: да го слушнеме повикот на промените кои неминовно ќе станат дел од секојдневието.

Во името на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, советничката група во Советот на Општина Струмица и пратениците во Собранието Ви го честитам празникот Велигден.

Ви посакуваме добро здравје, радост и успех на секој план!

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...