Франција го прогласи струмичанецот Киро Урдин за витез на Орденот за уметност и книжевност

Четврток, 21 Април 2022

Големиот македонски уметник со светско реноме Киро Урдин е прогласен за витез на Орденот за уметност и книжевност на Француската Република. На свеченост во француската резиденција во Скопје, амбасадорот Сирил Бомгартнер му го врачи орденот на познатиот струмички уметник како признание за неговиот придонес во развојот на пријателството и културните врски меѓу Франција и Македонија.

За време на свеченоста, на која присуствуваа роднини, пријатели и почитувачи на Киро Урдин, амбасадорот на Француската Република Сирил Бомгартнер зборуваше за плодотворниот и уникатен творечки пат на уметникот од Струмица, од почетоците, кога како несуден правник заминал во Париз во 1970-тите, преку неговата работа низ светот, со која ја обликува својата меѓународна репутација, а особено осврнувајќи се на уметничкото движење на Киро Урдин — планетаризмот.

„Имам две младости. Една која ја поминав во Македонија, каде што се родив, и мојата втора младост во Париз. Мојот уметнички живот почна во Париз, а она што ме фасцинира и она што научив најмногу е од културата на обичниот француски човек, кој има една длабока традиција во сликарството, но и во филозофијата и литературата“, подвлече Урдин.

Орденот за уметност и книжевност на Француската Република е министерски орден што го доделува француското Министерство за култура, а се доделува за значаен придонес во збогатувањето на француското културно наследство.

Во знак на благодарност за одликувањето и како гест на пријателство меѓу двете земји, Киро Урдин на француската амбасада во Скопје ѝ подари слика со наслов Црвена галаксија.

По завршувањето на основното и средното образование во родната Струмица, Киро Урдин заминал за Белград, каде што дипломирал на Правниот факултет на Универзитетот во Белград. Потоа се вратил во својот роден град и работел како новинар во раните 1970-ти, но неговата љубов кон творештвото го однела во градот на уметноста Париз, каде што студирал на Академијата за пластични уметности и дипломирал филмска режија во 1977 година. Како независен уметник, струмичанецот се посветува на патување и творење по светот. „Но, ако некој ме праша која е мојата желба, мојот одговор е овој: бидејќи јас сум точка, не сакам да останам на едно место, туку да бидам во постојано движење“, ќе напише Урдин во свое резиме кое може да се најде на неговиот веб-сајт.

Во 1996 година Урдин тргна на епско патување низ светот, стремејќи се да ја создаде првата слика работена по целиот свет. Неговата идеја била да вгради парче од секое место кое го посетувал. Му требале две години, на повеќе од триесет локации, од големи урбани градови до антички локалитети. Резултатот од двегодишното патешествие на струмичкиот уметник е слика, масло на платно од 48 м2, која ја нарекол Планетариум. Филмска екипа била ангажирана за документирање на напорите, што резултирало со документарен филм со наслов Planetarium.

Урдин е академик во Македонската академија на науките и уметностите, има создадено повеќе филмови, книги и е добитник на бројни домашни и меѓународни награди.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

View the embedded image gallery online at:
https://strumicanet.com/index.php/vesti/11691-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD#sigProGalleria4d9b0a4db6

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и опрема од Дирекцијата за заштита и спасување

Противпожарната единица на Струмица доби теренско возило и о…

Сеп 30, 2022 Вести

Денеска 14 нови возила со водена пумпа за гасење пожари добија Град Скопје, Битола, Куманово, Тетово, Прилеп, Велес, Кавадарци, Гевгелија, Струмица, К...

Се бара возач за такси автомобил

Се бара возач за такси автомобил

Сеп 30, 2022 Веб Билборд

Се бара возач за такси автомобил за во Струмица и регионот. Кандидатот да има положено најмалку за „Б“ категорија. Пријавување и повеќе информации на:...

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу покриениот дел на каналот „Крушевска Република“

Костадинов: Ќе се реконструираат постоечките улици околу пок…

Сеп 30, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

За сите граѓани коишто живеат покрај каналот „Крушевска Република“ во градот Струмица, особено оние околу покриениот дел, градоначалникот Костадин Кос...

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализација на „Младинска“

„Комуналец“ почна да ја реконструира атмосферската канализац…

Сеп 30, 2022 Вести

ЈПКД „Комуналец“ почна со реализацијата на најавениот проект за реконструкција на постојната и изградба на нова атмосферска канализација на улицата „М...

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за македонскиот фудбал

Горан Пандев од Милано: Доаѓам во Струмица со убав проект за…

Сеп 29, 2022 Вести

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда Горан Пандев, деновиве објави крај на активната кариера, но не мирува и работи на нов проект за доброто ...

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дукатино, Радичево и Сушево

Прекин на електричната енергија во реонот на Владиевци, Дука…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (петок, 30 септември), во периодот од 09:30 до 11:00 часот без електрична енергија ќе бидат: Но...

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно лице

Претрес во струмичко, пронајден амфетамин, приведено едно ли…

Сеп 29, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Вчера, полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Струмица го лишиле од слобода Н.З.(40) од село Босилово, струмичко. При претрес на негови...

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за комунални услуги

Костадинов: За струмичани нема да има покачени сметки за ком…

Сеп 28, 2022 Вести

На денешната седница на Советот на општина Струмица, градоначалникот Костадин Костадинов на советничко прашање кажа дека за струмичани нема да има пок...