Костадинов: Дел од наставниот кадар во Струмица се врати на работа

Среда, 20 Април 2022

Градоначалникот на општина Струмица Костадин Костадинов попладнево соопшти дека дел од воспитниот и образовниот процес во општината повторно започнал, откако истиот беше прекинат поради штрајк на наставниот кадар предводен од Синдикатот за образование, наука и култура (СОНК).

Интегрален текст од соопштението на градоначалникот на Струмица Костадин Костадинов:

„Почитувани вработени во предучилишното, основното и средното образование од општина Струмица,

Децата се нашето најголемо богатство, тие се нашата иднина. Влогот во нивниот развој и нивното образование е најдоброто нешто што можат да го направат и родителите и воспитно – образовниот кадар во градинките и училиштата.

За жал веќе втора недела поради протестот на СОНК којшто продолжува и покрај разумното зголемување на платата за 10 проценти во ова кризно време, на децата им е скратено правото на образование иако законски им е загарантирано.

Но денеска охрабрува информацијата дека дел од наставниот кадар во Струмица ја препозна политичката манипулација, ја разбра тежината на ова кризно време и се врати на работните места и им се посвети на учениците.

Честитки за нив, а ги охрабрувам и останатите уште еднаш да размислат дали сега е време да се бара финансии плус или да покажеме разумност и солидарност со вработените од останатите области, па и социјалните случаи и невработените, бидејќи никој не е поштеден од здравствената, економската, воената, политичката криза.

Струмица секогаш знаела како да се справи со предизвиците и кога изгледало невозможно нивното решение и да биде пример и за останатите.

Ја имате мојата поддршка, како што имав слух и разбирање за сите ваши проблеми и заедно наоѓавме решенија, ајде уште еднаш да покажеме дека можеме да се издигнеме над личните интереси, дека не подлегнуваме на притисоци и дека децата и нивното згрижување и образование ни се најважни, бидејќи колку сега ќе им дадеме толку ќе ни вратат утре“.

Костадинов во понеделникот апелираше да продолжи воспитниот и образовниот процес, откако Владата излезе со предлог за зголемување на платите на просветните работници за 10%.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...