ВМРО-ДПМНЕ Струмица: Костадинов и Тренчевска да помогнат наместо да се закануваат

Вторник, 19 Април 2022

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица реагираат на вчерашните изјави на градоначалникот Костадин Костадиновски и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска дадени во Струмица.

„Градоначалникот Костадин Костадинов деновиве го гаси пожарот во сферата на образованието и згрижувачката дејност. Неспособната партија на власт направи целосно промашување во таа сфера што сега резултира со штрајк.

Низ одбрани зборови се обраќа до јавноста за да не биде премногу очигледен притисокот врз образовните работници. Да ги потсети подредените каде им е местото, без повратниот ефект штетен за неговата позиција.

Струмичката јавност сепак разбира дека градоначалникот безуспешно се обраќа, најпрвин до партиските кадри на СДСМ во Струмица, одгледувани веќе дваесет години. Бара да имаат дополнително разбирање поради кризата.

Костадинов треба да се присети, преку постојните фотографии, дека меѓу најактивните на протестите на разните пленуми беа токму вработените во образованието. Во меѓувреме многумина и од таа сфера го напуштија работното место во потрага по подобар стандард во странство. Бидејќи работникот кој чесно ја заработува својата плата едноставно бара подобри услови.

Токму затоа е очигледно дека и во Струмица штрајкот има своја смисла и основаност, независно од определбата на образовните работници. Затоа што лошата политика почна да им штети еднакво на оние кои ја осмислуваат и на оние за кои е наменета, независно од партијата и од кризата.

Барањата на СОНК инаку, се логични токму затоа што кризата се изразува преку нашето секојдневно живеење. Кризата за бизнисменот може да е во заработката, но за работникот кризата е на трпезата.

Се работи за колективен договор каде минималната плата ќе се вреднува според сложеноста и, каде ќе се почитуваат секојдневното патување, посебниот професионален труд и прекувремена работа. Патем од Владата досега е понуден единствено усен договор за разгледување на одредени предлози и тоа во месец јуни.

Министерката за труд и социјална политика Тренчевска, исто така од Струмица, се повикува на одредбите со санкции за време на штрајк. Кадрите на СДСМ Струмица со својата не креативност и изјави досега се лош претставник на многу професионалци од Струмица во земјата и светот.

Главната обврска на власта, па дури и на онаа во заминување е да ја превенира кризата и да ги намали последиците врз граѓаните, наместо да се расправа со граѓаните со закани, уцена и дополнителни притисоци“ – стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигитален маркетинг

Едукативен настан во Струмица - Кариерни опции во IT и Дигит…

Окт 04, 2022 Вести

Во среда, на 5-ти октомври, со почеток во 18:00 часот во малата сала на Дом на АРМ во Струмица ќе се одржи отворен едукативен настан на тема „Кариерни...

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир во Србија

Списанието „ЗЕНИТ“ претставено на Меѓународен научен собир в…

Окт 04, 2022 Вести

Струмичкото списание за наука, литература, култура и уметност, „ЗЕНИТ“, викендов имаше своја промоција на Меѓународниот научен собир „Современа српска...

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичка сила врз лице кое е лишено од слобода

Полицаец заработи кривична пријава поради употреба на физичк…

Окт 03, 2022 Вести

Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди до ОЈО за ГОКК поднесе кривична пријава против полицискиот службеник ...

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реонот околу Дрвош

За утре ЕВН најавува прекин на електричната енергија во реон…

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица за утре (вторник, 4 октомври) планира прекин на електричната енергија од 09:30 до 15:00 часот во реонот околу населеното...

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Две момчиња украле туѓи лични податоци и земале брз кредит

Окт 03, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Две момчиња, едно од струмичко Ново Село, украле туѓи лични податоци и земале брз кредит. Првопријавениот, М.М.(28) од Прилеп, вработен во финанс...

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалидска количка помина 42 километри на „Скопскиот Маратон 2022“

Струмичанецот Зоран Јовановски – единствениот кој со инвалид…

Окт 03, 2022 Вести

Вчера се одржа 18-от „Виз Ер Скопски маратон“ на кој трчаа дури 8500 учесници од 47 држави. Меѓу ова голема бројка на учесници беше и 45-годишниот стр...

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“

Струмица дел од најголемиот хакатон во светот „NASA Space Ap…

Окт 02, 2022 Вести

Вчера и денеска Струмица и СОУ „Димитар Влахов“ беа домаќини на најголемиот хакатон во светот „NASA Space Apps Challenge“. Првото место за најкреатив...

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрира првиот несовесен граѓанин кој пали отпад

Поставувањето камери на депонијата кај Босилово го регистрир…

Окт 01, 2022 Вести

Општина Босилово од неодамна целосно ја огради депонијата кај Босилово, постави соларни камери, порта за влез-излез на возила за складирање на от...