Угринов од УМС за состојбата со младите и ветените проекти за нив од градоначалникот Костадинов

Вторник, 19 Април 2022

Претседателот на Унијата на млади сили при ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица, денеска на прес конференција говореше на тема за состојбата со младите и ветените проекти за нив од актуелниот градоначалник на Струмица Костадин Костадинов.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Нашата Струмица според официјалните податоци спаѓа меѓу општините чие жителство масовно се отселува. Се разбира, од ова најпогодени се младите. Тие низ светот го бараат она што овде се помалку го има - услови за егзистанција, сопствен развој и личен прогрес.

Да потсетиме дека во Струмица веќе петти мандат локално владее СДСМ, а актуелниот градоначалник Костадин Костадинов беше дел и од државната власт.

Отселувањето на младите најнапред станува заради фактот што нема нови стопански инвестиции и вработувања со солидни примања. И, особено заради уништувањето на земјоделието во регионот каде што земјоделското производство повеќе не е привлечна дејност за младите.

Ги нема ветените инвестиции на Гугл и Фејсбук со центри за податоци како можност за нови вработувања на млади но, затоа пак младите преку социјалните мрежи може да се информираат за секојдневните скандали и финансики малверзации на власта.

Патем, до сега нема ништо ниту од ветениот старт ап-инкубатор од програмата на градоначалникот каде што треба да се развива младинското претприемништво под надзор на стручни лица.

Дури и оние млади чиешто секојдневие се потпира врз домашните буџети, немаат посебно со што да се пофалат. Погледнете ги срушените маалски терени за спорт и детски игралишта. Погледнете ја најапсурдната велосипедска патека. Додека се делат субвенции за велосипеди и додека ја очекуваме новата ветена велосипедска патека, бројот на сообраќајни незгоди во кои се инволвирани велосипедисти, расте од ден на ден.

Денеска го прашуваме градоначалникот: до каде е неговиот проект, ветената младинска картичка „Моја Струмица“? Таа требаше да обезбеди бесплатен влез за младите на културни и други настани, разни попусти и бенефиции.

Партијата СДСМ која се занимава единствено со одржување на својата партиска елита, поради лошото водење на политиката и сопствената неспособност од Македонија направи земја во која младите сонуваат за исселување.

Токму затоа анкетите покажуват дека граѓаните ги очекуваат изборите и брзото заминување на актуелното срамно владеење.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...