Градоначалникот Костадин Костадинов со свој став за продолжувањето на штрајкот на наставниот кадар

Понеделник, 18 Април 2022

Градоначалникот Костадин Костадинов под чија надлежност се поголем дел од ингеренциите во образовните институции и градинките во општината Струмица, денеска со свој став за продолжувањето на штрајкот на СОНК.

„Како градоначалник имам обврска да имам свој јасен став во однос на протестот на СОНК и сметам дека денеска е вистинскиот момент да го соопштам.

Правото на протест е уставно загарантирано право и во таа смисла нема да се мешам во нивната одлука за протест. Правото на образование е исто така уставно загарантирано и ни претставува обврска истото да го штитиме, унапредуваме и имплементираме согласно законските регулативи.

Почитувани вработени во образование, градинки, наставен кадар, членови на СОНК. Ја имате честа да ја обликувате иднината на нашето секојдневие, за тоа сум убеден дека сте свесни исто колку што сум јас свесен и совесен дека треба да бидете посебно мотивирани и наградени.

До моментот дури немаше конкретен предлог, не го соопштував мојот став, свесен дека Владата има слух за проблемите и очекував предлог решение какво што всушност имаме. Во време на најголемите светски кризи понуди зголемување на платата за 10%. Разумно решение за секој совесен човек кој размислува државнички.

Сметам дека членовите на СОНК ова треба да го прифатат, имајќи во предвид дека исправени сме сите пред најголемите предизвици на светот од втората светска војна.

Апелирам учениците да одат на училиште оти тоа е најважно, продолжувањето на протестот може да значи и продолжување на школската година, што пак може и тоа како да направи проблем за матурантите при упис на факултет.

Како градоначалник заедно со целата администрација и со поддршка на Советот никогаш нема да го прекинам превозот на учениците макар имало и само еден ученик кој треба да биде однесен до училиште!

Тоа е трошок на општината од близу 200.000 денари на ден, нејсе тоа не е најважното.

Протестите во оваа фаза почнуваат да наликуваат на партиско политичка инсталација, што сериозно може да ве втурне во брзи води кои можат да го нарушат најважното за вас, вашиот интегритет, вашиот дигнитет.

Со секој од вас разговарам лично, вашите предизвици секогаш наидувале на разбирање од моја страна со силен влог за нивно решавање.

Вие сте граѓани на градот Струмица, град од кој започнале многу процеси, важни за сите нас.

Ова е момент кога треба да се издигнеме цврсто над нашите интереси, да ја споделиме тежината на овие кризи заедно, да се вратиме на работа, да покажеме дека постоиме и работиме посветено на нашата иднина.

Верувам дека имате разбирање и за здравствената криза, за економската криза, за воената криза, за политичката криза, за енергетската криза… Бидете горди на работата што ја работите, од вас зависи какво утре ќе имаме“ – кажа Костадинов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...