Испечатете ја страната

„Отворено срце“ од Струмица ќе им помага на стари изнемоштени лица во своите домови

Понеделник, 18 Април 2022

На околу 60 лица во општина Струмица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја обезбедуваат лиценцирани негуватели кои минаа низ серија стручни обуки. Тие секојдневно ќе им помагаат на овие лица, во извршувањето на дневните активности, почнувајќи од лична хигиена, хранење, мобилност во домот, облекување, до поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, помош за медицинска терапија и друго.

Покрај придобивките за старите лица, со оваа услуга се овозможува и вработување на ранливи категории граѓани, како негуватели. Така реформата овозможува двојни придобивки за поквалитетен живот на две социјално ранливи категории граѓани.

Услугата помош и нега во домот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку која за прв пат се вклучуваат надворешни партнери преку општините во давањето на социјални услуги. Здравствената установа ПУЗС „Отворено Срце” од Струмица стана партнер на Министерството за труд и социјална политика за услугата помош и нега во домот заедно со Општина Струмица.

На доделувањето на дозволата за вршење дејност министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска истакна дека целта на услугата да биде достапна ширум земјата е во насока да им се олесни животот на граѓаните од третото доба и тоа во нивниот дом.

„Убедена сум дека успешните приказни ќе продолжат и дека среќните лица на корисниците ќе ги поттикнат организациите, како и општините да се пријавуваат на следните повици за развој на социјални услуги на Министерството за да им го подобрат животот на граѓаните во своите општини. Горда сум што преку Проектот за подобрување на социјални услуги обезбедуваме и стручна помош и поддршка на нашите највозрасни граѓани во нивниот дом, но исто така сум среќна што на овој начин се отвораат и нови работни места. Општина Струмица е една од 27-те општини каде се спроведува овој проект“ - кажа Тренчевска.

Социјалната реформа, цели кон деинституционализација и децентрализација на социјалните услуги, со активно вклучување на општините во овој процес. Преку компонентата на децентрализацијата општините играат важна улога во поттикнување и развој на услугите за граѓаните.

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов изрази особено задоволство што услугата е достапна сега и во општина Струмица.

„Обезбедувањето квалитетни социјални услуги за стари лица на локално ниво е важна активност за надминување на проблемите на грижа за старите лица, за поддршка и за промовирање на самостојното и достоинствено живеење на старите лица. Заедно со ПУЗС „Отворено Срце“ ќе работиме во насока на обезбедување најквалитетни услуги, да се подобри пристапноста и квалитетот на социјалните услуги што ќе им бидат понудени на старите лица, немоќните и лицата со инвалидитет во Општина Струмица. На овој начин систематски влијаеме на намалување на проблемите и нивно решавање на истите преку развој на локални социјални партнерства меѓу засегнатите страни во заедницата“ – кажа Костадинов.

За значењето на соработката и партнерствaтa за спроведување на услугата помош и нега во домот зборуваше и Стефанија Манасиевска, директорка на ПУЗС „Отворено Срце”.

„Отворено Срце - Струмица дава активен придонес во севкупните напори на општината за поддршка на старите лица уште од самиот старт на своето работење. Со Општина Струмица спроведовме истражување и мапирање врз основа на кое е подготвена анализа за потребата од услугата помош и нега на стари лица во домашни услови. За таа цел, во рамки на проектот се реализираше обука, преку која 20 лица се стекнаа со Сертификат за неговател за помош и нега во домот. Во периодот што следи ќе започнеме со испорака на услугата на нашите сограѓани со која ќе придонесеме кон подобрување на квалитетот на нивното секојдневно живеење“ – кажа Манасиевска.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште во дворот на Домот на АРМ

Пуштено во употреба новото повеќенаменско спортско игралиште…

Окт 05, 2022 Вести

Струмица доби уште еден современ отворен спортски терен за сите љубители на спортските активности. Повеќенаменското спортско игралиште во дворот на Д...

Поетска вечер „За нас нема збогум“ на струмички поети кои не се меѓу нас

Поетска вечер „За нас нема збогум“ на струмички поети кои не…

Окт 05, 2022 Најава

Во организација на Друштвото за наука, литература, култура и уметност „Иван Василевски“ од Струмица, а под покровителство на Општина Струмица, во четв...