„Отворено срце“ од Струмица ќе им помага на стари изнемоштени лица во своите домови

Понеделник, 18 Април 2022

На околу 60 лица во општина Струмица со најтешка попреченост, односно комбинирана попреченост со највисок степен, потполно слепи лица, стари лица со навршени 65 години живот и други лица со намален функционален капацитет кои не можат сами да се грижат за себе, отсега ќе им биде достапна услугата помош и нега во домот. Услугата ќе ја обезбедуваат лиценцирани негуватели кои минаа низ серија стручни обуки. Тие секојдневно ќе им помагаат на овие лица, во извршувањето на дневните активности, почнувајќи од лична хигиена, хранење, мобилност во домот, облекување, до поддршка при чистење, перење, готвење, набавки на намирници, помош за медицинска терапија и друго.

Покрај придобивките за старите лица, со оваа услуга се овозможува и вработување на ранливи категории граѓани, како негуватели. Така реформата овозможува двојни придобивки за поквалитетен живот на две социјално ранливи категории граѓани.

Услугата помош и нега во домот е дел од социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика, преку која за прв пат се вклучуваат надворешни партнери преку општините во давањето на социјални услуги. Здравствената установа ПУЗС „Отворено Срце” од Струмица стана партнер на Министерството за труд и социјална политика за услугата помош и нега во домот заедно со Општина Струмица.

На доделувањето на дозволата за вршење дејност министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска истакна дека целта на услугата да биде достапна ширум земјата е во насока да им се олесни животот на граѓаните од третото доба и тоа во нивниот дом.

„Убедена сум дека успешните приказни ќе продолжат и дека среќните лица на корисниците ќе ги поттикнат организациите, како и општините да се пријавуваат на следните повици за развој на социјални услуги на Министерството за да им го подобрат животот на граѓаните во своите општини. Горда сум што преку Проектот за подобрување на социјални услуги обезбедуваме и стручна помош и поддршка на нашите највозрасни граѓани во нивниот дом, но исто така сум среќна што на овој начин се отвораат и нови работни места. Општина Струмица е една од 27-те општини каде се спроведува овој проект“ - кажа Тренчевска.

Социјалната реформа, цели кон деинституционализација и децентрализација на социјалните услуги, со активно вклучување на општините во овој процес. Преку компонентата на децентрализацијата општините играат важна улога во поттикнување и развој на услугите за граѓаните.

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов изрази особено задоволство што услугата е достапна сега и во општина Струмица.

„Обезбедувањето квалитетни социјални услуги за стари лица на локално ниво е важна активност за надминување на проблемите на грижа за старите лица, за поддршка и за промовирање на самостојното и достоинствено живеење на старите лица. Заедно со ПУЗС „Отворено Срце“ ќе работиме во насока на обезбедување најквалитетни услуги, да се подобри пристапноста и квалитетот на социјалните услуги што ќе им бидат понудени на старите лица, немоќните и лицата со инвалидитет во Општина Струмица. На овој начин систематски влијаеме на намалување на проблемите и нивно решавање на истите преку развој на локални социјални партнерства меѓу засегнатите страни во заедницата“ – кажа Костадинов.

За значењето на соработката и партнерствaтa за спроведување на услугата помош и нега во домот зборуваше и Стефанија Манасиевска, директорка на ПУЗС „Отворено Срце”.

„Отворено Срце - Струмица дава активен придонес во севкупните напори на општината за поддршка на старите лица уште од самиот старт на своето работење. Со Општина Струмица спроведовме истражување и мапирање врз основа на кое е подготвена анализа за потребата од услугата помош и нега на стари лица во домашни услови. За таа цел, во рамки на проектот се реализираше обука, преку која 20 лица се стекнаа со Сертификат за неговател за помош и нега во домот. Во периодот што следи ќе започнеме со испорака на услугата на нашите сограѓани со која ќе придонесеме кон подобрување на квалитетот на нивното секојдневно живеење“ – кажа Манасиевска.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...