Штрајкот во основните, средните училиштата и градинките продолжува и утре, реагираат од Владата

Недела, 17 Април 2022

Штрајкот во основните и средните училиштата и градинките во земјава продолжува и утре. Самостојниот синдикат за образование, наука и култура (СОНК), денеска на прес конференција информираше дека понудата од Владатa за зголемување на платите во образованието и детската заштита за 10% е неприфатлива.

Според Јаким Неделков, претседателот на СОНК, ваквиот предлог бил неприфатлив за над 95% од синдикалните организации што ги застапува СОНК, бидејќи не соодејствува со зголемувањето на минималната плата во државата и не придонесува за враќање на достоинството на професијата.

Исто така, членовите на СОНК реагираат на, како што рече, несериозниот пристап на надлежните кои скоро два месеца преговараат со претставници на СОНК, а реално не давале никаков конкретен предлог на нивните доставени писмени барања.

„Членовите на СОНК констатираат дека ваквиот пристап од страна на Владата не води во правец на брзо решавање на проблемот и прекинување на штрајкот“, истакна Неделков.

Реагираат од Владата. Одбиената понуда за 2500 денари покачување на платата значи дека СОНК ги става личните интереси пред оние на децата.

„Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат. Со продолжувањето на штрајкот и одбивањето на понудата на Владата со која се отвора простор за трајно решавање и подобрување на стандардот на вработените во образованите, ризикот за продолжување на училишната година е особено извесен. Во овој контекст, несериозно е да се ставаат во ризик и да им се прави штета во личниот развој на децата кои треба да го продолжат образованието, да се запишат во средните училишта, да полагаат матура и да се запишат на факултетите во земјава и странство“ – стои во соопштението од Владата.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...