Земјоделците од струмичко се сретнаа со министерот Љупчо Николовски – работни групи ќе го решаваат проблемот со откупната цена на зелката

Недела, 17 Април 2022

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски денеска во Струмица имаше средба со производителите на пролетна зелка, која ја иницираа земјоделците на протестот пред два дена. На средбата се разговараше за состојбата со откупот и пласманот на пролетната зелка. Работни групи ќе го решаваат проблемот со ниската откупна цена на зелката.

„Заедно со земјоделците ќе најдеме решение за откупната цена на пролетната зелка во потесен круг со претставници на институциите и со претставници на производителите за да ја следиме состојбата и да наоѓаме решенија“, кажа министерот за земјоделство, Љупчо Николовски, по денешната средба со претставници на производители на пролетна зелка на која присуствуваа и директорот на Инспекторатот за земјоделство, Зоран Шапуриќ, директорот на Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, Никица Бачовски, шефот на кабинетот на министерот, Трајан Димковски и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов.

„Сите откупувачи треба да знаат дека мора да работат согласно законските прописи. Мора да ги исполнуваат сите услови и дека не смее да се прави каква било манипулација, ниту при носењето во самите откупни пунктови, ниту со вагите, белешките, со сите останати работи. Ние ќе ги собереме сите информации и Инспекторатот за земјоделство постојано ќе биде на терен, зашто нам ни е битно земјоделците да бидат заштитени. Никој не е привилегиран, не штитиме никој друг освен нашето домашно производство за кое се бориме“ - подвлече Николовски.

Драги Памуков од Куклиш, еден од претставниците на земјоделците кажа дека на средбата се договориле во наредните три дена тројца претставници од земјоделците да бидат изберени во работната група, која ќе ги дефинира конкретните чекори како да се излезе од оваа состојба.

ВИДЕО:

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...