На стрелиштето кај селото Водоча по 28-ми пат се одржа традиционалниот Меморијален турнир во стрелање на летачки мети „Ване Арапов 2022“, во организација на Ловното друштво „Беласица“ од Струмица и стрелачките клубови „Беласица Шат“ и „Рефлекс Шат“ од Струмица.
Меѓу учесниците на турнирот, кој ги имаше од повеќе ловни друштва и стрелачки клубови во Македонија, беа и градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов и претседателот на Македонската Спортска Стрелачка Федерација, Јордан Тасевски.
Марјан Даскаловски, претседател на Ловното друштво „Беласица“ ги поздрав учесниците на турнирот посакувајќи им успеси во ова 28-мо натпреварување, а на гостите да уживаат во турнорот на најдобрите стрелци во Македонија.
Стартот го означи внукот на Ване Арапов, младиот Ване, кој прв испука во глинените плочки. Потоа следуваше и натпреварувачкиот дел, екипно и поединечно, а стрелците се натпреваруваа во дисциплината „трап“.
Поединечно, првото место го освои Иван Атанасовски, второто Блажо Митев, додека третото место го освои синот на Ване Арапов, Димитар.
Во екипна конкуренција првото место го освои ЗССК „Рефлекс Шат“ од Струмица, второто екипата на Стрелачкиот клуб „Стрелец“ од Скопје, а третото место ЗЛР „Гоце Делчев“ од Босилово.
Инаку претходно, претставници на ЛД „Беласица“, заедно со семејството на Ване Арапов го посетија неговото вечно почивалиште на Градските гробишта во Струмица.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...