Се подготвува теренот за изградба на социјална населба за дивонаселените жители покрај „транзитниот“ пат

Петок, 15 Април 2022

Се подготвува теренот за изградба на социјална населба за дивонаселените жители покрај „транзитниот“ пат, кој ќе се гради на ридот над Струмица, местото викано Чам’лк, над турските гробишта.

Денеска во присуство на полицијатата, градежна механизација ангажирана од Општина Струмица ги рушеше дивоизградените куќарки на овој простор, планиран за идната социјална населба.

Социјалната населба има проектен опфат од 3,34 хектари во кој ќе бидат изградени околу 100 типски куќи за социјално загрозени семејства, со комплетна комунална инфраструктура, а првата фаза од проектот се планира да се реализира до крајот на ова година.

Градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов денеска на прес конференција побара разбирање и поддршка од сите граѓани за реализацијата на овој проект.

„Решаваме децениски проблем на булеварот „Климент Охридски“, односно со дивоградбите во долното Турско маало во кое не само што има лоши услови за живот, туку истиот и не е безбеден поради големата фреквенција во сообраќајот. Ќе обезбедиме солидни станбени објекти за сите социјално загрозени семејства и од долното и од горното Турско маало и никој нема да остане без покрив над главата“ – кажа градоначалникот Костадинов.

За изградбата на новата социјална населба обезбедени се повеќе од 2 милиони евра од Владата, а градоначалникот Костадинов очекува да се обезбедат и дополнителни средства од разни фондови и донатори, но и од општинската каса.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

     

Галерија

View the embedded image gallery online at:
https://strumicanet.com/index.php/vesti/11667-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD-%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD%EF%BF%BD#sigProGalleriaecb7471522

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фестивал“ на сцената кај езерцето

Од вечерва до петок музички концерти на „Струмица Опен фести…

Авг 15, 2022 Вести

Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот во малиот парк беше одбележана годишнината од убиството на петте струмички студенти

Со Панихида на гробиштата и полагање цвеќе пред споменикот в…

Авг 13, 2022 Вести

Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Бензинска станица „БЕНЗОИЛ“ вработува

Авг 13, 2022 Веб Билборд

„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петт…

Авг 13, 2022 Вести

Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа договор за партнерство

Општина Василево и бугарската општина Кресна потпишаа догово…

Авг 12, 2022 Вести

Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Величе Каралијска ќе игра за ОК „Наковски Волеј“

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи дека извршил обљуба врз малолетничка

Во Полициска станица приведено 21-годишно момче, се сомничи …

Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за јунаците Македон и Амир

Фондацијата „ЗАЕВ – Едно општество за сите“ со донација за ј…

Авг 12, 2022 Вести

Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...