Поранешниот македонски премиер Зоран Заев, на покана на поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас, присуствува на партискиот Конгрес на СИРИЗА во Грција.
Ципрас во своето обраќање говореше за придобивките од Преспанскиот Договор потпишан со Северна Македонија, упатувајќи посебна благодарност за тоа до Зоран Заев, по што следуваа овации и голем аплауз од присутните.
Ципрас истакна дека Договорот од Преспа „денеска е уште поактуелен, бидејќи испраќа порака за мир во време на војна“.
„Сакам, бидејќи ми се дава можност, не ми беше во план, но тука се пред мене, сакам да им се заблогодарам и на Зоран Заев и на Никос Коѕијас, што ја водевме битката, што им се спротивставивме на притисоците, што ја направивме нашата патриотска должност. Пораката од овој Договор, во овие денови на војна е уште поактуелна, како порака за мир и солидарност на народите на континентот кој помиува низ голгота е од ужасите на војната“ – кажа Ципрас.
Во наредните денови од Конгресот на СИРИЗА, кој ќе трае една недела, се очекува свој говор да има и поранешниот премиер Зоран Заев.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...