Општина Струмица и општина Серец, Грција во наредните 18 месеци ќе го реализираат проектот „Мрежа на велосипедски градови“, финансиран од Интеррег-ИПА Програмата за прекугранична соработка меѓу Република Северна Македонија и Република Грција 2014-2020.
Советот на општина Струмица денеска даде зелено светло за негова реализација со вкупен буџет за општина Струмица од 184.185 евра, од кои 85% ќе бидат финансирани од фондовите на Европската Унија, додека останатите 15% ќе бидат финансирани од Владата на Република Северна Македонија.
Станува збор за проект кој има за цел создавање на рекреативна велосипедска инфраструктура во градот, како што се: Вело Зона во Градски парк Струмица - изградба на велосипедска адреналинска патека („Pump track“ патека), Вело Полигон за деца во Градски парк, Уредување на планински велосипедски патеки на месноста Чам Чифлик, поставување на Станици за поправка на велосипеди во Градски парк, Подготовка на мастер-план за идни проекти на општина Струмица од областа на велосипедизмот, велосипедската инфраструктура и безбедноста во сообраќајот, како и активности за прекугранична соработка помеѓу проектните партнери.
.
.
Авг 15, 2022 Вести
Со концертот на летната школа за гитара вечерва од 21:00 часот на сцената кај езерцето во големиот градски парк започнува неделата на музички концерти...
Авг 13, 2022 Вести
Седумдесет и една година од свирепото убиство на петте струмички студенти, Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јармов од ...
Авг 13, 2022 Веб Билборд
„БЕНЗОИЛ“ има потреба од вработување за работа на бензинската станица. Подетални информации и пријавување на: 076 595 260...
Авг 13, 2022 Вести
Денеска се навршуваат 71 година од свирепото убиство на петте струмички студенти Борис Белев, Мирко Пецев, Ѓорѓи Костуранов, Стево Топчев и Ѓорѓи Јар’...
Авг 12, 2022 Вести
Градоначалникот на општина Василево, Славе Андонов и заменик градоначалникот на општина Кресна во Бугарија, Петар Петров вчера во просториите на општи...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Искусната Величе Каралијска во наредната сезона ќе игра во дресот на ОК „Наковски Волеј“ од Струмица и ќе ги брани боите на клубот во претстојната сез...
Авг 12, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа во 20:30 часот полициски службеници од Полициската станица Струмица лишиле од слобода 21-годишно момче од село Василево, струмичко. Тој е осомн...
Авг 12, 2022 Вести
Македон и Амир се јунаците кои денеска на Меѓународниот ден на младите се најголемите гласници на Фондацијата „ЗАЕВ - Едно општество за сите“. Со нивн...