Општина Струмица ќе аплицира за „Европски главен град на младите“, почнува реализацијата на проектот „Strumica – Smart velo city” – најави градоначалникот Костадинов

Четврток, 13 Јануари 2022

Струмичкиот градоначалник Костадин Костадинов најави дека Општина Струмица ќе аплицира за титулата „Европски главен град на младите во 2025 година“, што ја доделува Европскиот младински форум. На денешната прес конференција тој информираше дека се работи на повеќе проекти од повеќе области и за сите целни групи, но посебно место во неговата визија за Струмица имаат младите, затоа што, како што кажа Костадинов, тие се иднината на нашата општина.

„Заедно со нив ја посакуваме титулата Европски главен град на младите, што ја доделува  Европскиот младински форум. Oпштина Струмица, заедно со микрорегионот, ставајќи ги на располагање сите расположливи капацитети и со поддршка на граѓанскиот сектор и државните ресурси, ќе аплицира на повикот да се стекне со оваа престижна титула во 2025 година. Ова е одлична можност во период од една година Струмица да го презентира културниот, општествениот, политичкиот и економскиот живот на младите. Преку оваа инцијатива општина Струмица има намера дополнително да ги поттикне младите луѓе да станат проактивни иницијатори на позитивни промени, внесувајќи иновативни идеи и да биде вистински град – пријател на младите луѓе. Ваква иницијатива за прв пат презема општина или регион од Република Северна Македонија и со ова докажуваме дека Струмица е секогаш прва, секогаш прогресивна и максимално ќе се вложиме за да ја ставиме Струмица на европската мапа на престолнина за младите луѓе“, кажа Костадинов.

Тој го најави и реализирањето на тригодишниот проект „Strumica – Smart velo city” финансиран од Европската Унија кој содржи иновативно и ефективно решение за проблемите на урбаната мобилност со поттикнување на употребата на велосипедот како здрав, еколошки и економичeн начин на урбана мобилност.

„Проектот создава велосипедска инфраструктура во Струмица и системски го воведува велосипедот како безбедно превозно средство на улиците низ градот. Содржи многу активности за изградба и обележување на градски велосипедски патеки како надоградба на постојната сообраќајна инфраструктура во должина од 10,6 километри, набавка на опрема за нивно одржување, развој на портфолио на дигитални услуги, кампања за поттикнување на користењето на велосипеди и за промена на сообраќајната култура и други активности чија што цел е создавање на одржлив и паметен вело град. Вкупната вредност на проектот е околу 750.000 евра и ќе се реализира во периодот од 2022 до 2024 година“, кажа Костадинов.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...