Двајца струмичани меѓу крадците на оловните плочи на штипската Уметничка галерија „Безистен“ вредни над 10.000 евра

Вторник, 11 Јануари 2022

Фатени се четворица крадци од Струмица и Штип кои изминатиот период ги краделе оловните плочи од покривната конструкција на Уметничката галерија „Безистен“.

Портпаролот на СВР Штип, Гордана Панајотова информира дека по преземени мерки и активности од полициски службеници на СВР Штип од слобода се лишени А.А.и Ќ.А. на возраст од 32 и 37 години, двајцата од Струмица, како и С.Н. и  Д.А. на возраст од 26 и 28 години, двајцата од Штип, осомничени  дека се извршители на четири кривични дела „тешка кражба“ од Уметничката галерија „Безистен“ во Штип.

„Тие се сомничат дека со намера да се стекнат со противправна имотна корист, кривичните дела ги извршиле во јануари 2022 од Уметничката галерија – Споменик на културата „Безистен“ на ул. „Тошо Арсов“ во Штип, од каде со употреба на сила противправно одзеле поголем број предмети од Уметничката галерија. Дел од одземените предмети се пронајдени, одземени и вратени на Националната установа Завод и музеј Штип“ - стои во соопштението од СВР Штип.

По комплетирање на службената документација против нив до ОЈО ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.

МИА претходно информираше дека од покривната конструкција на Уметничката галерија „Безистен“ украдени се вкупно 26 оловни плочи, кои се рачно и автентично направени.

Според директорот на НУ Завод и Музеј - Штип, Митко Штерјов, штетата се проценува над 10.000 евра. Инаку објектот е заштитен од државата, како споменик на културата, а е изграден во средината на 16 век.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...