Новогодишно обраќање на градоначалникот на општина Струмица, Костадин Костадинов

Петок, 31 Декември 2021

Почитувани мои сограѓани,

Многу сакав на секој од Вас да му испратам по една новогодишна честитка, и на тој начин, искажувајќи ви почит и внимание, да ги споделам моите најискрени желби за Вас за во новата 2022 година. Но, честитките се мали по формат и невозможно е во нив да ги напишам сите зборови кои би сакал да ви ги пренесам, и сите нешта кои ви ги  посакувам. Токму затоа, оваа видео порака од мене до Вас е најдобриот начин, она што е напишано во моево срце да го најде патот до вашите срца. Притоа, во овие свечени мигови, не ни се потребни улици, куќни броеви или населени места, затоа што и јас и Вие добро знаеме дека Струмица е нашата заедничка адреса и заеднички дом. 

Само часови и минути не делат од мигот кога ќе се збогуваме од оваа веќе подостарена и истрошена 2021 година, и кога со многу надежи, желби и очекувања ќе му речеме „добредојде“ на Новото 2022-ро лето Господово. Во очекување на овој толку возбудлив и посакуван миг, убаво е да си направиме куса ретроспектива за годината која си заминува. Секој од нас годината ќе ја памети по своите подеми и падови, победи и порази, по своите животни епизоди со исполнети и неисполнети желби, лични и семејни доживувања, стремежи и дострели, а сите заедно ќе ја паметиме како уште една помината година во услови на пандемија. Јас ќе ја паметам по довербата што ми ја дадовте, за да ја водам општината во вистински правец, во правецот кои вие го посакувате, а како темел за градење нови вредности кои носат подобар живот за сите Вас. Се договоривме тоа заедно да го сториме, па во овие два и пол месеца  докажавме дека навистина можеме. Ајде така да продолжиме и во новата година, за да споделуваме радост и гордост од она што ќе го претвориме во заедничко дело. Едно такво дело ќе раѓа нови дела вредни за почит и внимание.

Секој од нас треба неубавите нешта, лошите спомени и грешките да ги спастри во фиоката на заборавот и да ги испрати заедно со годината која си заминува. Но поуките од нив, заедно со веќе востановените и докажани вредности, како и нештата кои не правеле среќни, весели, горди и исполнети, да ги пренесеме во новата година и врз нив да накалемиме нови содржини кои ќе ни го направат животот поубав и вреден за живеење. Мудроста, зрелоста, одмереноста, хуманоста, милосрдието, добрината и трудољубивоста треба да бидат нештата кои ќе не водат напред во годината која ни доаѓа. На тој начин ќе го сочуваме тоа што го имаме и ќе го добиеме тоа што го немаме.

Новата година донесува нови предизвици, нови шанси, нови можности, нови перспективи и свртување нови страници од нашите животи. Нека бидат тоа страници кои ќе ги испишуваме со добри и позитивни работи кои ќе ги претворат нашите соништа во едно големо и убаво јаве. Дел  од тоа убаво јаве нека биде и прогресот на општина Струмица,  јаве во кое ве гледам сите вас. Во таа смисла, ви ветувам секогаш отворена врата, секогаш подадена рака и секогаш збор кој станува збор претворен во дело.

Бидете ми здрави и живи, бидете ми среќни и исполнети, бидете ми полни со љубов и спокој. Ви посакувам лична и семејна среќа, хармонија во домовите и успех на сите можни полиња. Нека 2022 година биде Ваша година, која ќе ја паметите само по добро.

СРЕЌНА НОВА ГОДИНА ДРАГИ МОИ СОГРАЃАНИ.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гранд“

Ленче Кукиќ сними видео спот на „Бисер“ - прва песна за „Гра…

Јан 20, 2022 Магазин

Вечерва на YouTube каналот српската прпдукциска куќа Grand објави видео спот од првата песна на Ленче Кукиќ за ова продукција насловена „Бисер“. Авто...

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студиото „Петар Пан“ од Струмица

Роденденот на вашето дете позабавен со декорациите на студио…

Јан 20, 2022 Маркетинг

Студиото за декорација „Петар Пан“ од Струмица ги прави родендените на вашите деца поубави и позабавни, во ресторан или дома. Нека вашите п...

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енергија во населбата Софилар

За утре ЕВН најавува шест часа прекин на електричната енерги…

Јан 20, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ

ЕВН Македонија информира дека утре (петок, 21 јануари) од 09:00 до 15:00 часот ќе има прекин на електричната енергија во населбата Софилар, Струмица, ...

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патници без документација

Четири комбиња од Струмица вршеле меѓународен превоз на патн…

Јан 20, 2022 Вести

Полицијата синоќа при контрола на граничниот премин Табановце откри четири комбиња кои вршеле меѓународен превоз на патници без документација. Станува...

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

После крштевањето Исусово, денеска се слави Крстителот

Јан 20, 2022 Магазин

Православните верници денеска го празнуваат Свети Јован Крстител. За Јован самиот спасител рекол дека е најголем меѓу родените од жена и дека до него...

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Струмица

Трајче Серафимовски по втор пат го фати Светиот крст во Стру…

Јан 19, 2022 Вести

28-годишниот Трајче Серафимовски од Струмица беше најбрзиот кој го фати Светиот крст во водите на базенот „Аквариус“ во Струмица. Трај...

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Денеска се празнува Богојавление - Водици

Јан 19, 2022 Магазин

Православните верници денеска го слават Богојавление - Водици. Традицијата вели дека на денешен ден Свети Јован Крстител го крстил Исус Христос во&nb...

Второто полугодие за основното и средното образование се одлага за 1 февруари

Второто полугодие за основното и средното образование се одл…

Јан 17, 2022 Вести

Владата на денешната втора, редовна седница, којашто се одржа преку видео конференциска врска, донесе одлука почетокот на второто полугодие на учебнат...