Владата прогласи кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата

Вторник, 09 Ноември 2021

Владата донесе одлука за утврдување на кризна состојба во снабдувањето со електрична енергија на целата територија на државата, поради недостиг на електрична енергија на домашниот пазар предизвикана со повремени испади на поголеми производствени капацитети и недостиг на енергенси за производство на електрична енергија и неможност испадот да се покрие со расположливата резерва во производство на електрична енергија, кои можат да доведат до недостаток на електрична енергија или нарушување на стабилноста на електроенергетскиот систем во Република Северна Македонија, информираат од Владата.

Со оваа одлука се овозможува да се преземат мерки и активности, вклучувајќи и финансиска интервенција за да се обезбедат дополнителни количини на електрична енергија, и се утврдуваат правата и обврските на државните акционерски друштва Електрани на Северна Македонија ЕСМ и МЕПСО, како и на носителите на лиценци за вршење на електроенергетски дејности.

Постоењето на кризната состојба во снабдувањето со електрична енергија утврдена во оваа одлука ќе трае 30 дена од денот на влегувањето во сила на оваа одлука и со неа не се предвидени рестриктивни мерки.

Дополнително, со заклучоци на денешната седница на Владата АД ЕСМ е задолжено, во рок од 15 дена да достави пакет мерки за нивните активности за справување со енергетската криза, а Министерството за труд и социјална политика, во координација со Министерството за економија да подготват мерки за поддршка на социјално ранливите категории за да користат дополнителни средства за заштита од енергетска сиромаштија.

Владата го задолжи Министерството за економија, во соработка со Бирото за јавни набавки да понудат предлог-решение согласно кое ќе им се овозможи на државните институции набавка на електрична енергија од ЕСМ продажба по поевтини цени од оние на отворениот пазар.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици доцна попладнево го зафати струмичкиот регион. Во Ново Село 15-тина минути невремето било прослед...

Се продава полупрофесионална сушара

Се продава полупрофесионална сушара

Дек 06, 2021 Веб Билборд

Се продава полупрофесионална сушара „MIELE De Luxe T338“, погодна за ресторани, но и за домашна употреба. Цена 14.000 денари. Повеќе информации на: 07...

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој ден, освен недела

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој де…

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека пазарот за земјоделски производи „Чешел“ ќе биде отворен секој ден, освен во  недела. „Со ова ов...

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

Дек 06, 2021 Магазин

На денешен ден пред 10 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за ...

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку струмичкото здружение „DOST ELI“

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку ст…

Дек 05, 2021 Вести

Во овие студени зимски денови, а во пресрет на Новогодишните празници Хуманитарната организација „AVRUPA YETİM ELİ“ од Германија преку Здружението „DO...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, свежо месо...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, м…

Дек 04, 2021 Вести

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо ...

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавачи, најавува секојдневни акции на надлежните служби и полицијата

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавач…

Дек 03, 2021 Вести

„Секој социјален момент е важен и го почитувам, но на ниту еден начин и ниту во еден момент нема да дозволам тој да доведе до неред и анархија во општ...

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната единица во Струмица

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната едини…

Дек 02, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека во моментот телефонскиот број за итни повици 193 е во прекин поради технички дефект. До отстра...