Некогашната „скривница“ во Струмица од вечерва е Градска уметничка галерија

Вторник, 19 Октомври 2021

Ликовните уметниците од Струмица добија свое катче. Некогашната „скривница“ на плоштадот во Струмица, која се користеше и како просторија за регистрација на бракови, од вечерва е Градска уметничка галерија.

„Вечерва споделивме позитивни емоции, чувства на среќа и задоволство, од свечениот чин со кој ги дарувавме ликовните творци и љубителите на ликовната уметност, како и сите поклоници на креативните содржини од нашиов град, со отворањето на Градската уметничка галерија – дар од Општина Струмица и Министерството за култура“, кажа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски отворајќи го овој реконструиран и адаптиран простор за струмичките ликовни творци.

Градоначалникот Јаневски потенцираше дека покрај делата на струмичките ликовни творци, свое место ќе најдат и дела од богатата ризница на Меѓународната струмичка ликовна колонија, ќе се создадат услови за реставрација на вистинските ремек-дела од таа ризница и нивно ставање на показ на струмичката, македонската и меѓународната културна јавност.

На отворањето на новата Градска уметничка галерија говореа Марјан Минов, ликовен критичар, Александар Филев, раководител на Секторот за ликовна уметност при НУЦК „Антон Панов“ Струмица и ликовниот уметник Ѓорги Божинов - Фаника.

Со средства од Министерството за култура и Општина Струмица во адпатирањето на објектот се вложени околу 6,5 милиони денари, а по повод отворањето беше поставена и изложба „Сто години струмичка ликовна уметност“ од дела на ликовни уметници од Струмица.

„Овој град има повеќе епитети. Еден од нив е и „град на ликовната уметност“. Таков бил, таков е, а сега сум сигурен дека таков и ќе остане“, кажа градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици доцна попладнево го зафати струмичкиот регион. Во Ново Село 15-тина минути невремето било прослед...

Се продава полупрофесионална сушара

Се продава полупрофесионална сушара

Дек 06, 2021 Веб Билборд

Се продава полупрофесионална сушара „MIELE De Luxe T338“, погодна за ресторани, но и за домашна употреба. Цена 14.000 денари. Повеќе информации на: 07...

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој ден, освен недела

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој де…

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека пазарот за земјоделски производи „Чешел“ ќе биде отворен секој ден, освен во  недела. „Со ова ов...

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

Дек 06, 2021 Магазин

На денешен ден пред 10 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за ...

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку струмичкото здружение „DOST ELI“

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку ст…

Дек 05, 2021 Вести

Во овие студени зимски денови, а во пресрет на Новогодишните празници Хуманитарната организација „AVRUPA YETİM ELİ“ од Германија преку Здружението „DO...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, свежо месо...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, м…

Дек 04, 2021 Вести

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо ...

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавачи, најавува секојдневни акции на надлежните служби и полицијата

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавач…

Дек 03, 2021 Вести

„Секој социјален момент е важен и го почитувам, но на ниту еден начин и ниту во еден момент нема да дозволам тој да доведе до неред и анархија во општ...

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната единица во Струмица

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната едини…

Дек 02, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека во моментот телефонскиот број за итни повици 193 е во прекин поради технички дефект. До отстра...