Директорот на Центарот за управување со кризи (ЦУК) Стојанче Ангелов, информираше дека на координативен состанок со сите надлежни, со претставници од АД Водостопанство, Хидрометеоролошкиот завод и на други инститиции ја разгледале состојбата со одводните канали.
„Заклучокот е дека најголем дел од примарните канали се исчистени, останува мал дел од нив да бидат исчистени. Секундарните канали, добар дел од нив се во добра кондиција и се исчистени, но се работи на нивно понтамошно чистење. Додека локалните канали, кои поминуваат низ населени места, состојбата некаде е многу лоша и не би можеле да ја прифатат надојдената вода доколку дојде до пообилни врнежи“, рече Ангелов. Апелира надлежните институции да продолжат со ваквото чистење и во следниот период за, како што рече, да не бидеме изненадени од евентуални обилни врнежи.
Тој апелираше и до АД Водостопанство и до локалните самоуправи да бидат разгледани сите критични точки, да бидат исчистени, доколку е потребно на некои места да се постават насипи или да се обезбеди можност од брзо местење насипи доколку се појави потреба. Апелираше граѓаните да пријават до ЦУК, на бесплатниот телефонски број 195 ако проценат дека некаде постои опасност од поплави или можност од излевање на речните корита.
Ангелов предупреди дека постои можност од поплави, кои не би биле од големи размери, но може да биде поплавено земјоделско земјиште, можат да бидат поплавени и куќи покрај одредени реки и суводолици.
Одговарајќи на новинарско прашање, директорот на ЦУК рече дека имаат детална листа со места кои се критични, а општините ги имаат овие податоци. Меѓу критичните го спомна и сливот на реката Струмица, конкретно Струмичко поле е подложно на поплави при зголемување на водостојот на реките Струмица, Радовишка, Оравичка, Смилјанска, Плеваја и водотеците од планината Беласица.
Додаде дека во овој момент состојбата е стабилна, каналите се солидно исчистени, но потребно е да се продолжи со целосно дочистување на каналите.
.
.
Мај 23, 2022 Вести
СВР Струмица до надлежното обвинителство поднесе кривична пријава против 40-годишен наставник од Струмица поради постоење основи на сомнение за сторен...
Мај 22, 2022 Вести
На Универзитетот „Аристотел“ во Солун, Грција е поставена изложбата „Самогласки во лет“ на Кристина Зимбакова од Струмица, како дел од целодневниот си...
Мај 22, 2022 Вести
Актерката Танкица Стојанова, директорка на Центарот за култура во Струмица е наградена за женската улога за имиџот на Ева во „Умри машки“ од Алдо Нико...
Мај 21, 2022 Веб Билборд
Познатиот штанд на сладолед „Sugarland“, што се наоѓа на струмичкото корзо до кафе бар „Concept“, има потреба од девојки - продавачки на сладолед. Под...
Мај 21, 2022 ФЛЕШ ВЕСТИ
СВР Струмица информира дека вчера попладне во Босилово на магистралниот пат кој минува низ селото, патничко моторно возило со струмички регистарски оз...
Мај 20, 2022 Вести
На свеченоста по повод Денот на пожарникарството, струмичките пожарникари со нови униформи – нова лична заштитна опрема за гасење пожари на отворен пр...
Мај 20, 2022 Веб Билборд
Струмичката компанија АМБАЛАЖНИ СЕРВИС има потреба 1 (еден) Комерцијалист. Подетални информации и пријавување: 078/330-633...
Мај 20, 2022 Вести
Денеска во градот Солун, Грција на Универзитетот „Аристотел“, ќе биде поставена самостојна изложба на струмичанката Кристина Зимбакова. Ликовната изло...