Струмица ја одбележа 30-годишнината од независноста на Македонија

Среда, 08 Септември 2021

Со пригодна свеченост која што се одржа пред споменикот на Гоце Делчев на струмичкиот плоштад, Општина Струмица го одбележа 8 Септември – Денот на независноста на Македонија.

За значењето на овој голем празник на македонската историја, говореше градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски, истакнувајќи дека денеска ова наше славење има ретко посебна причина за радост, ведрина и озарени лица, а причината е во тоа што годинава одбележуваме голем јубилеј – 30 години од оној историски 8 Септември 1991 година, кога, како што кажа Јаневски, народот одлучи да биде свој на своето, да биде одлучен во намерата да го исполни сонот на многу претходни генерации - Македонци, ставајќи свој белег, свој печат и свое парче душа на еден возвишен чин кој се случува само еднаш во историјата.

„Тој 8-ми Септември не е значаен исклучиво сам за себе, затоа што во овој датум од пред три децении се акумулирани редица други значајни датуми од историскиот времеплов на нашава татковина. Во тој голем празник, во таа голема и бујна река се влеваат и притоките од Илинденската епопеја, од 11-октомврискиот востанички восклик, од Асномската државотворност и од редица други историски настани кои ја испишале македонската вистина и го утврдиле кодот на нашето постоење. Во тој 8-ми Септември ќе ги пронајдаме и соништата и копнежите на Делчев, Карев, Груев, Сандански, Петров, Ченто, Мучето и на уште многу други знајни и незнајни историски ликови кои дале огромен придонес, ние сегашните граѓани да го дочекаме и славиме овој грандиозен ден“ – кажа градоначалникот Коста Јаневски.

На свеченоста беше изведена и револуционерна поезија од членови на рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“, а претставници на Општина Струмица, СВР Струмица, Сојузот на борците, здруженија, политички партии, пред споменикот на Гоце Делчев положија свежо цвеќе.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „Напред Розово“

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „На…

Сеп 26, 2021 Вести

Здружението „Борка - за секој нов ден“ денеска во Струмица организираше настан „Race for the Cure“, во рамките на 13-то издание на хуманитарната маниф...

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното пре…

Сеп 26, 2021 Вести

Од 1 декември новоформираното Јавното претпријатие „Астра Луна“ во Струмица ќе започне со секојдневни активности за грижа и заштита на бездомните живо...

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Сеп 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица денеска интервенирала во атарот на селото Ваељуса, каде гореше нискостеблеста шума. Интервенирале 13 пожарникари с...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и се попишаа на Пописот 2021

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должн…

Сеп 26, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската долж...

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...