Денеска и утре во Струмица се одржува дводневен Научен собир посветен на фолклорот и фолклористичката дејност на Иван Котев

Петок, 27 Август 2021

Денеска и утре Струмица и хотелот „Сириус“ се домаќини на Научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“, во организација на Институтот за фолклор „Марко Цепенков“ од Скопје, а под покровителство на градоначалникот Коста Јаневски и Општина Струмица.

Градоначалникот Коста Јаневски, кој го отвори овој дводневен Научен собир, говореше за една од најстарите институции во нашава земја, Институтот за фолклор „Марко Цепенков“, кој веќе повеќе од седум децении ја бележи и следи состојбата во сите сегменти на духовната и материјалната култура на народното творештво, негувајќи и чувајќи едно огромно богатство, кое сведочи за длабочината на нашите духовни корени. Јаневски во своето обраќање говореше и за својот сограѓанин, Иван Котев, како еден од најеминентните македонски фолклористи на сите времиња, кој, како што кажа, половина век макотрпно, посветено и со многу љубов, ги спаструва од заборав народните песни, приказни, поговорки, пословици, благослови, клетви и други народни бисери, претежно од струмичкиот регион, давајќи огромен придонес во збогатувањето на македонската фолклористика.

Првата сесија, веднаш по отворањето, беше посветена на Струмица, на која за Тримерската обредност во Македонија, со посебен осврт на Струмица и струмичкиот крај говореше проф. д-р Зоранчо Малинов, за Структурата на современите карневали – врз примерот на Струмичкиот карневал говореше проф. д-р Катерина Петровска – Кузманова, а за Обредот курбан во струмичко свое излгање имаше д-р Владимир Боцев.

Попладнево свои излагања ќе имаат и доц. д-р Ана Витанова-Рингачева, проф. д-р Лилјана Макаријоска, Васил Георгиев – Ликин од НУ Завод и Музеј Струмица и новинарот Сузана Мицева, која ќе говори за Иван Котев, како чувар и записничар на народниот бит.

Научниот собир „70 години Институт за фолклор и 50 години фолклористичка дејност на Иван Котев“, продолжува и утре од 09:30 часот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „Напред Розово“

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „На…

Сеп 26, 2021 Вести

Здружението „Борка - за секој нов ден“ денеска во Струмица организираше настан „Race for the Cure“, во рамките на 13-то издание на хуманитарната маниф...

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното пре…

Сеп 26, 2021 Вести

Од 1 декември новоформираното Јавното претпријатие „Астра Луна“ во Струмица ќе започне со секојдневни активности за грижа и заштита на бездомните живо...

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Сеп 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица денеска интервенирала во атарот на селото Ваељуса, каде гореше нискостеблеста шума. Интервенирале 13 пожарникари с...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и се попишаа на Пописот 2021

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должн…

Сеп 26, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската долж...

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...