Министерката Јагода Шахпаска денеска во посета на Детските градинки во изградба во градот Струмица

Петок, 27 Август 2021

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска денеска заедно со градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски ги посетија Детските градинки – Клон 2, каде се врши доградба на просторот и новата Детска градинка во изградба во населбата на просторот во поранешната касарна.

Како што информираше министерката Шахпаска, во Клон 2 – доградба на Детската градинка, на површина од 164 м² ќе бидат отворени четири нови занимални во кои ќе бидат сместени дополнително уште 57 деца.

„Планирано е 22 дечиња да бидат сместени во две јаслени групи, од 12 до 18 месеци и од 18 до 24 месеци, а останатите 35 деца ќе бидат сместени во две групи, од 2 до 3 години и од 3 до 4 години. Продолжуваме да вложуваме во правилниот раст и развој на децата преку нивно вклучување во предучилишното образование“ – кажа Шахпаска.

Таа денеска ја посети и новата Детска градинка во изградба, која се наоѓа во поранешната касарна, односно во близина на новиот комплекс згради во Струмица. Изградбата на ова Детска градинка е финална фаза и истата е дел од Проектот за подобрување на социјалните услуги, кој го спроведува Министерството за труд и социјална политика, а е поддржан од Светска Банка.

„Капацитетот на новата Детска градинка ќе биде за 307 деца, поделени во 14 групи, со што значително ќе се намали притисокот во градинките во општина Струмица. Објектот за загревање ќе користи природен гас со што се намалуваат емисиите на CO2, а изграден е и систем на соларни панели. Со изградбата на нови градинки и со проширување на постоечките се овозможува пристап за што поголем број деца до квалитетна услуга што е цел на социјалната реформа што ја спроведува Министерството за труд и социјална политика“ – кажа министерката Шахпаска.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „Напред Розово“

„Борките“ од Струмица дел од хуманитарната манифестација „На…

Сеп 26, 2021 Вести

Здружението „Борка - за секој нов ден“ денеска во Струмица организираше настан „Race for the Cure“, во рамките на 13-то издание на хуманитарната маниф...

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното претпријатие за грижа и заштита на бездомните животни

Од 1 декември стартува со работа новоформираното Јавното пре…

Сеп 26, 2021 Вести

Од 1 декември новоформираното Јавното претпријатие „Астра Луна“ во Струмица ќе започне со секојдневни активности за грижа и заштита на бездомните живо...

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Гореше нискостеблеста шума кај Вељуса

Сеп 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Противпожарната единица на Струмица денеска интервенирала во атарот на селото Ваељуса, каде гореше нискостеблеста шума. Интервенирале 13 пожарникари с...

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должност и се попишаа на Пописот 2021

Премиерот Заев со семејството ја исполнија граѓанската должн…

Сеп 26, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Зоран Заев, заедно со своето семејство во својот дом во Струмица, ја исполни граѓанската долж...

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се обврзаа дека кампањата ќе ја водат во духот на демократијата

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Василево се о…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

И кандидатите за градоначалник на општина Василево, Славе Андонов од ВМРО-ДПМНЕ и Марјан Јанев од СДСМ го потпишаа Кодексот за фер и демократски избор...

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник на општина Босилово го потпишаа Кондексот за фер и демократски избори

Зоран Зимбаков и Ристо Манчев - кандидати за градоначалник н…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Зоран Зимбаков од СДСМ и Ристо Манчев од ВМРО-ДПМНЕ, кандидати за градоначалник на општина Босилово се обврзаа дека за време на предизборната кампања...

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа Кодекс за фер и демократски избори

Кандидатите за градоначалник на општина Ново Село потпишаа К…

Сеп 24, 2021 Избори 2021

Двајцата кандидати за градоначалник на општина Ново Село, Ѓорги Божинов од ВМРО-ДПМНЕ и Звонко Ангелов од СДСМ, денеска го потпишаа Кодексот за фер и ...

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не се попишани сами ќе можат да го направат тоа во општината

Пописот завршува на 30 септември, од утре граѓаните кои не с…

Сеп 24, 2021 Вести

Заклучно до денеска до 12:00 часот попишани се вкупно 1.395.000 граѓани, над 435 илјади домаќинства и над 600 илјади станови, а се самопопишани 195.47...