Струмица се сеќава на големиот трагичен пожар над градот, пред 9 години на денешен ден

Петок, 23 Јули 2021

Пред девет години, на 23 јули, над Струмица избувна пожар што се прошири на поголемиот дел од ридот, во кој трагично загинаа браќата Блажо Стојков и Пено Стојанов од Рич, Мите Ѓоргиев од Струмица и Војо Гркљанов од Вељуса, а 11-мина беа повредени.

Човечкиот фактор беше причина за големиот шумски пожар, кој предизвика голема трагедија што вечно ќе ја паметат струмичани. Огнената стихија напиша злокобно сценарио и ја зави Струмица во црно.

Денеска пред спомен обележјето, што општина Струмица го подигна во чест на четворицата храбри граѓани кои животите ги загубија во борбата со огнената стихија, беше одбележана 9-годишнината од големиот пожар.

На одбележувањето, покрај семејствата на загинатите присуствуваа и цвеќе положија, градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски со членови на Советот на општината.

Потсетувајќи за овој трагичен настан, градоначалникот Коста Јаневски порача, вакво нешто никогаш да не се повтори.

„Денеска, за жал се потсетуваме на една трагедија којашто ја зафати нашата Општина на денешен ден, 23 јули, пред девет години. Четворица наши сограѓани загинаа спасувајќи го градот и имотите на нашите луѓе и го платија тоа со својот живот. Блажо Стојков, Пено Стојанов, Мите Ѓоргиев и Војо Гркљанов ги дадоа своите животи и не оставија да се сеќаваме на нивната храброст и пожртвуваност и воедно да не предупредуваат, вакви немили настани повеќе да не се случуваат“ – кажа градоначалникот Јаневски.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици доцна попладнево го зафати струмичкиот регион. Во Ново Село 15-тина минути невремето било прослед...

Се продава полупрофесионална сушара

Се продава полупрофесионална сушара

Дек 06, 2021 Веб Билборд

Се продава полупрофесионална сушара „MIELE De Luxe T338“, погодна за ресторани, но и за домашна употреба. Цена 14.000 денари. Повеќе информации на: 07...

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој ден, освен недела

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој де…

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека пазарот за земјоделски производи „Чешел“ ќе биде отворен секој ден, освен во  недела. „Со ова ов...

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

Дек 06, 2021 Магазин

На денешен ден пред 10 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за ...

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку струмичкото здружение „DOST ELI“

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку ст…

Дек 05, 2021 Вести

Во овие студени зимски денови, а во пресрет на Новогодишните празници Хуманитарната организација „AVRUPA YETİM ELİ“ од Германија преку Здружението „DO...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, свежо месо...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, м…

Дек 04, 2021 Вести

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо ...

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавачи, најавува секојдневни акции на надлежните служби и полицијата

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавач…

Дек 03, 2021 Вести

„Секој социјален момент е важен и го почитувам, но на ниту еден начин и ниту во еден момент нема да дозволам тој да доведе до неред и анархија во општ...

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната единица во Струмица

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната едини…

Дек 02, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека во моментот телефонскиот број за итни повици 193 е во прекин поради технички дефект. До отстра...