„И ѓубрето чини пари“ – победничка сторија на новинарот Зоран Ѓоргиев на вториот натпревар за зелена економија

Вторник, 20 Јули 2021

Телевизиската сторија „И ѓубрето чини пари“ од авторот Зоран Ѓорѓиев од Струмица победи на вториот повик за новинари и медиуми за истражување и промовирање на најдобри примери од примена на зелена економија или еколошки безбедни рурални деловни практики.

Натпреварот се организираше во рамките на проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ (Networking and advocacy for green economy), финансиран од Европската Унија.

Во победничката сторија, дописникот на телевизија Сител од Струмица, ја обработува успешната приказна за создавање органско ѓубриво од растителен отпад на Цветанчо Ѓоргиев од Ново Село. Овој струмичанец, наместо да го фрла отпадот, го собира и создава компост во својата семејна фирма. Како суровини, Ѓоргиев користи класно цветни растенија, како што се трската и шамакот, со што оневозможува несовесни граѓани да ги палат и дополнително да го загадуваат амбиенталниот воздух. Компостарата работи четири години на околу четири хектари и е единствена во југоисточниот дел на земјава. Годишно, во просек, произведува околу пет илјади метри кубни сертифициран органски компост.

Новинарот Зоран Ѓорѓиев во својата сторија цитира и истражување на здружението „Хорти Еко“, според кое над 53% од земјоделците во нивната работа применуваат добри земјоделски практики. Најголемиот дел, земјоделскиот отпад го заоруваат, и иако малку, сепак има и такви кои компостираат. На тој начин добивале пониски производствени трошоци, но и поквалитетен и поконкурентен производ. Според регионалниот план за управување со отпад во Југоисточниот плански регион, количините на биоразградлив отпад се проценуваат на околу 22 илјади тони годишно или 45% од вкупната количина на комунален отпад.

Пристигнатите новинарски стории ги оценуваше тричлена комисија, составена од двајца новинари и еден претставник на Мрежата за Рурален Развој на Северна Македонија (МРР на СМ). Притоа, комисијата оценуваше методологија на истражување (истражувачкиот концепт, тема, извори, новинарски алатки), потоа стилот на новинарско изразување, релевантноста на темата и придржувањето до новинарските и етичките стандарди (присуство на факти, точност и веродостојност на наводи).

Победничката сторија може да ја погледнете на следниот линк:

https://sitel.com.mk/cvetancho-gjorgiev-od-strumica-zarabotuva-preku-prerabotka-na-gjubre

За проектот: Проектот „Вмрежување и застапување за зелена економија“ трае три години (започна во април 2018 година) и го спроведуваат 7 партнерски организации од Балканот од кои една е од земја членка на ЕУ: Мрежа за рурален развој на СМ, Мрежа за рурален развој во БиХ, Мрежа на организации за рурален развој на Косово, Мрежа за рурален развој на Црна Гора, Мрежа за рурален развој на Србија, Албанската мрежа за рурален развој и Хрватската Мрежа за рурален развој.

Општата цел на проектот е да обезбеди поддршка за подобрување на политиките и влијанието на Балканската мрежа за рурален развој (БМРР) и нејзините членови во процесот на носење одлуки преку вклучување во процесите на реформи на земјоделските и руралните програми со цел воведување на концептот на зелена економија.

Проектот има три специфични цели:

1) Зајакнување на капацитетите на малите, локални граѓански организации во однос на општите принципи на работа, застапување и вмрежување, за да можат да ја остварат својата улога на застапници за земјоделски и рурални реформи, на транспарентен и отчетен начин;

2) Воведување на концептот на зелена економија како единствен меѓусекторски претприемачки модел за рурална диверзификација и одржливост;

3) БМРР и нејзините членови го користат пристапот за развој на политиките засновани на докази и застапување засновано на правата за да ги поттикнат националните процеси на приближување кон заедничката европска земјоделска политика (EU CAP) и промовирање на зелената економија.

Донатор: Европска Комисија преку Програмата за граѓанско општество и медиуми 2016-2017. Вкупниот буџет на проектот изнесува 1,071,269.13 евра, од кои 964,069.13 (89.99%) се финансии од Европска Унија.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациен…

Окт 06, 2022 Вести

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно о...

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...