И струмичкото ВМРО-ДПМНЕ реагира за новиот кружен тек во изградба

Понеделник, 19 Јули 2021

Од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица со реакција на изградбата на новиот кружен тек на булеварот „Ленинова“ во Струмица.

„Последната реакција на струмичката јавност во врска со несмасно направениот кружен тек на улица „Ленинова“ е сосема оправдана. По таква реакција очекувано е локалните и државните власти да ја поправат оваа состојба на новиот кружен тек во Струмица.

Но, после 16 години непрекинато владеење се што може да се очекува од власта на СДСМ во Струмица е да се постави несериозно дури и со сообраќајните инсталации.

Инаку за оваа локација предизборната програма на Костадин Костадинов и на Коста Јаневски ветуваше „Подземна сообраќајница“, која требаше да биде решение за сообраќајниот метеж во тој дел од градот. Но, наместо тој сериозен проект граѓаните добија една недоволна реализација на кружен тек. Затоа реакциите се од загриженост до потсмев.

Сограѓаните оправдано реагираат загрижени за безбедноста на учесниците во сообраќајот и пешаците. Затоа, ВМРО-ДПМНЕ, Општински комитет Струмица бара надлежните органи уште еднаш да ги преиспитаат безбедносните услови на овој кружен тек.

Струмица во последните години се претвори во град каде што единствено се води грижа за бизнис зделките и вработување на луѓето од власта.

Кружниот тек е само мал дел од лошите и несмасни политики на СДСМ како за Струмица така и за целата Македонија“ – стои во соопштението на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Невреме проследено со град и силен ветер го зафати Ново Село

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Невреме проследено со град, силен ветер и грмотевици доцна попладнево го зафати струмичкиот регион. Во Ново Село 15-тина минути невремето било прослед...

Се продава полупрофесионална сушара

Се продава полупрофесионална сушара

Дек 06, 2021 Веб Билборд

Се продава полупрофесионална сушара „MIELE De Luxe T338“, погодна за ресторани, но и за домашна употреба. Цена 14.000 денари. Повеќе информации на: 07...

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој ден, освен недела

Од 9 декември пазарот „Чешел“ во Струмица ќе работи секој де…

Дек 06, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека пазарот за земјоделски производи „Чешел“ ќе биде отворен секој ден, освен во  недела. „Со ова ов...

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

10 години без легендата на македонската песна Гоце Арнаудов

Дек 06, 2021 Магазин

На денешен ден пред 10 години, (6 декември 2011), Македонија се прости со најголемата фолк ѕвезда... со секогаш насмеаниот, пријателски расположен за ...

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку струмичкото здружение „DOST ELI“

Хуманитарна помош од Германија за деца без родители преку ст…

Дек 05, 2021 Вести

Во овие студени зимски денови, а во пресрет на Новогодишните празници Хуманитарната организација „AVRUPA YETİM ELİ“ од Германија преку Здружението „DO...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, млеко, свежо месо...

Владата ги „замрзна“ цените на леб, шеќер, брашно, зејтин, м…

Дек 04, 2021 Вести

На денешната 124-та редовна седница, Владата донесе Одлука за определување на највисоки цени на основни прехранбени производи во трговијата на големо ...

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавачи, најавува секојдневни акции на надлежните служби и полицијата

Градоначалникот Костадинов ќе се справува со дивите продавач…

Дек 03, 2021 Вести

„Секој социјален момент е важен и го почитувам, но на ниту еден начин и ниту во еден момент нема да дозволам тој да доведе до неред и анархија во општ...

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната единица во Струмица

Во прекин бројот 193 за итни повици на Противпожарната едини…

Дек 02, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од Противпожарната единица на Струмица информираат дека во моментот телефонскиот број за итни повици 193 е во прекин поради технички дефект. До отстра...