Одбележување: 77 години од убиството на Народниот херој Благој Јанков Мучето

Среда, 14 Јули 2021

Општина Струмица денеска ја одбележа 77-годишнината од убиството на Благој Јанков Мучето, најсветлиот лик од струмичкиот историски времеплов.

По тој повод се одржа пригодна свеченост пред споменикот во градскиот парк, а за животот и делото на Мучето говореше Ацо Ѓоргиев, член на Советот на општина Струмица, кој истакна дека народниот херој Благој Јанков Мучето бил, останува и ќе биде наша струмичка гордост и сме му бескрајно благодарни за се што направи за овој град и за сите поранешни, сегашни и идни генерации струмичани.

„Тоа е човекот со кого сите ние треба да се гордееме. Тоа е човекот кој треба да го чествуваме, да го негуваме споменот за него и да го пренесуваме тој спомен и на идните генерации струмичани и Македонци. Тоа е Благој Јанков – Мучето, најсветлиот лик од струмичкиот историски времеплов, личноста која ја заслужува должната почит на секој оној кој ги љуби минатото, сегашноста и иднината на својот роден град, на секој оној кој искрено ја сака Струмица“ - кажа Ѓоргиев.

Свежо цвеќе положија претставници на семејството на Благој Јанков Мучето, претставници на Општина Струмица, Општинскиот одбор на борците, институциите кои го носат името, Општинската установа Дом за деца и млади „Благој Мучето“, ЛУ Библиотека „Благој Јанков Мучето“ и претставници на политички партии.

Благој Георгиев (Гонев) Јанков е роден на 3 јуни 1911 година во Струмица, во сиромашно семејство. На четири години останал без татко, по што неговата мајка се премажила за Гоне Јанков, по кого Благој го добил презимето. По основното училиште, Благој завршил уште два класа пред да биде исклучен од струмичката гимназије. По исклучувањето, почнал да го изучува шивачкиот занает, а потоа заминал на печалба во Белград.

Во Белград се вработил во шивачка работилница за машка и женска облека. Таму му пристапува на работничкото движење и поради интензивната работа набрзо станува синдикален функционер. Организаирал штрајкови и излети, и станал омилен меѓу македонските печалбари во Белград.

Дејност на Благоја била забележана од полицијата и веќе во 1927 година првпат бил уапсен како опасен антидржавен елемент. Тој бил затворен во белградскиот затвор Главњача, каде бил измачуван. По шест месеци бил пуштен и протеран во родниот град.

По доаѓањето во Струмица, Благој се ангажирал во организирињето на работниците во Сојузот на работничките синдикати на Југославија. Наишол на добар одзив и во периодот од 12 до 15 октомври 1936 година го раководи штрајкот на кројачките работници кој успешно го завршил. Поради развиената сидикална активност, полицијата го прогонува и тој повторно заминал за Белград.

Во 1936 година станал член на Комунистичката партија Југославија. Како искусен синдикалец и организатор на штрајкови влегол во Штрајкувачкиот одбор во Белград. Во текот на една демонстрација, полицијата повторно го уапсила и го мачела во затворот Главњача. По излегувањето од затвор Благоја станал член на Реонскиот комитет на КПЈ во Белград.

Во септември 1940 година Благој Јанков станал член на Покраинскиот комитет на КПЈ за Македонија. Потоа била упатен на местото инструктор во источна Македонија. По враќањето во Македонија бил член на МК на КПЈ во Струмица и од септември 1940 година станал член на привремениот ПК на КП во Македонија.

Благоја Јанков Мучето бил организатор на првите отпори на бугарските окупаторски власти во Струмица. Како инструктор на ПК со седиште во Штип од октомври 1940 до август 1943 година, бил еден од организаторите на НОАВМ во Струмица, Скопје, Штип, Берово, Пехчево, Валандово и во Радовиш.

Бугарската полиција набрзо го открила и ја пратела неговата дејност. Како илегалец најмногу се движел во Штип и околината. Во својство на член на Обласниот комитет создал партизанска база во селото Долани.

Како секретар на Четвртиот окружен комитет на КПМ во Штип од март 1943 до1944 година, при една партиска провала во Штип бил ранет на 17 август 1943 година, а во друга провала загинал во борба со бугарската полиција на 14 јули 1944 година во Струмица.

Благој Јанков Мучето е прогласен за Народен херој на Југославија на 11 октомври 1951 година.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Јул 27, 2021 Магазин

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, денеска го слави својот 38 роденден. Пандев е еден од најдобрите фудбалери...

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Јул 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска до крајот на ова седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период ...

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Братство Единство“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Брат…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (понеделник, 26 јули), од 07:00 до 10:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од...

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на се што се продава таму

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на…

Јул 25, 2021 Магазин

Традиционално во последната недела од месец јули, познатиот струмички бренд „РАЗНОПРОМЕТ АС“ ја организира роденденската недела, почнувајќи од утре, п...

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на традиционални турски баклави

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на тра…

Јул 25, 2021 Маркетинг

Нова уникатна приказна во Струмица започнува од вечерва на плоштадот, спроти хотел „Есперанто“. Отворена е специјализирана продавница на традиционални...

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пронајдена марихуана

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пр…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа по полноќ, околу 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Х.Д.(21 година)...

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило излетал од патот

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило и…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 23:40 часот на патот Струмица – Ново Село, во село Босилово, патничко возило „Сеат Ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од ...

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во Струмица

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во С…

Јул 24, 2021 Вести

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, утре (недела, 25 јули) од 07:00 до 16:00 часот организира голема акција за чистење на отпадот во градот. Се планира да с...