Во Струмица поставена изложбата „Поврзување“ на Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов

Вторник, 13 Јули 2021

Како дел од проектот „Поврзување“ на Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Бугарија, а во рамките на  Манифестацијата „Струмица – град на културата“, синоќа во НУ Центар за култура „Антон Панов“ во Струмица беше отворена изложбата на тројца автори: Марјан Ѕингаров, Свилен Стефанов и Иво Пецов.

Изложбата се состои од 30-тина сликарски дела во различни формати и техники. Поголем дел од сликите беа претставени во КИЦ во Софија минатата 2020 година, како посебни самостојни изложби.

Ова изложба ги обединува ликовните дела на авторите кои се од Македонија, но кои живеат и работат во Бугарија, тоа се Марјан Ѕингаров од Струмица и Иво Пецов од Виница и делата на Свилен Стефанов од Софија, Бугарија.

Струмичанецот Марјан Ѕингаров на изложбата се претставува со делата насловени како „Изгубени простори“, со кои го претставува најкарактеристичното од своето творештво во последните неколку години. Свилен Стефанов е застапен со дела од неговото творештво, создадени во периодот од 2015 до 2018 година, додека Иво Пецов учествува со дела од неговата минатогодишна изложба „Метафизички слики“, кои, како што вели, ги создал во период на изолација во нашето Ковид-19 време.

ФОТО: Сречко Гунчев

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Јул 27, 2021 Магазин

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, денеска го слави својот 38 роденден. Пандев е еден од најдобрите фудбалери...

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Јул 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска до крајот на ова седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период ...

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Братство Единство“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Брат…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (понеделник, 26 јули), од 07:00 до 10:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од...

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на се што се продава таму

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на…

Јул 25, 2021 Магазин

Традиционално во последната недела од месец јули, познатиот струмички бренд „РАЗНОПРОМЕТ АС“ ја организира роденденската недела, почнувајќи од утре, п...

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на традиционални турски баклави

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на тра…

Јул 25, 2021 Маркетинг

Нова уникатна приказна во Струмица започнува од вечерва на плоштадот, спроти хотел „Есперанто“. Отворена е специјализирана продавница на традиционални...

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пронајдена марихуана

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пр…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа по полноќ, околу 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Х.Д.(21 година)...

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило излетал од патот

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило и…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 23:40 часот на патот Струмица – Ново Село, во село Босилово, патничко возило „Сеат Ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од ...

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во Струмица

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во С…

Јул 24, 2021 Вести

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, утре (недела, 25 јули) од 07:00 до 16:00 часот организира голема акција за чистење на отпадот во градот. Се планира да с...