Промовирана првата монографија за Цареви Кули, резиме на десетгодишното истражување

Четврток, 01 Јули 2021

Сведоштво за градот Струмица преточено во монографија со која ќе се расветли богатото културно-историско наследство на градот, беше промовирана синоќа во Амфитеатарот во Струмица.

„Цареви Кули – Струмица (Од праисторијата до Римското Царство)“ - книга прва, произлезе од сумирањето на резултатите од археолошките истражувања на локалитетот Цареви Кули над Струмица, како и кабинетските проучувања на богатата материјална граѓа, прибирани во период од 10 години.

Автор на оваа монографија е м-р Зоран Рујак, археолог и долгогодишен истражувач на локалитетот Цареви Кули. Тој синоќа најави дека се подготвува и втората книга „Цареви Кули – Струмица (Од Римското Царство до доцниот среден век)“.

„Книгата е напишана со голема љубов, пред сѐ кон градот Струмица, а потоа и кон Цареви Кули. Податоците внатре се многу битни, не само за Струмица и за Македонија, туку и за Балканот и пошироко, кои на добронамерните истражувачи на минатото ќе им бидат многу корисни“ – кажа авторот Рујак.

Во книгата има илјадници податоци за материјалната и духновната култура од бронзеното време, од железното време, раноантичкиот и хелинистичкиот период на Цареви Кули.

„Кон крајот на петтиот и почетокот на четвртиот век пред нашата ера е формирана првата населба во денешна Струмица со која владееле Филип Втори и Александар Македонски, за кои има материјални податоци“ - кажа Рујак.

За Ацо Костов, директорот на Управата за заштита на културното наследство, кој ја промовираше монографијата на Рујак, по 10 години истражување се добива една оформена идеја за Цареви Кули, што се поседува како артефакти, што како недвижен материјал, што како книжен, а завршницата треба да резултира понатаму со проекти за конзервација.

Монографијата „Цареви кули – Струмица (Од праисторијата до Римското Царство)“ е во издание на НУ „Завод и Музеј“ – Струмица, а промоцијата се одржа во рамките на манифестацијата „Струмица – град на културата 2021“.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациентки кои се лекуваат на Универзитетската клиниката за радиотерапија и онкологија

Зорица Заева и д-р Венко Филипче донираа перики на 15 пациен…

Окт 06, 2022 Вести

По повод одбележувањето на Октомври како месец за борба против ракот на дојката, Зорица Заева и д-р Венко Филипче од име на Фондацијата „ЗАЕВ – Едно о...

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Влада: Ограничени маржи и за млечни производи

Окт 06, 2022 Вести

Владата на денешната седница донесе Одлука за дополнување на одлуката за посебни услови за трговијата на одделни стоки. Со оваа одлука, на предлог на ...

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Хотел „Studio Inn“ Струмица бара рецепционер

Окт 06, 2022 Веб Билборд

Хотел „Studio Inn“ од Струмица има потреба од рецепционер за работа во ноќна смена. Подетални информации и пријавување на: 034 331 851...

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените таму ќе паѓаат до -35%, а следуваат и многу награди за потрошувачите

Се ближи 9-от роденден на „HOME by Almak“, од утре цените та…

Окт 05, 2022 Магазин

Се ближи 9-от роденден на најголемиот салон за мебел во Македонија „Home by Almak“ на струмичкиот бренд „Алмак“, препознатлив цели 27 години кај нас и...

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот сепак ќе го одигра во Струмица

„Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ К…

Окт 05, 2022 Вести

Македонскиот одбојкарски шампион „Струмица Никоб“ првиот натпревар од квалификациите во ЦЕВ Купот, сепак ќе го одигра на домашен терен. Со оглед на т...

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Во Босилово и Бориево ќе се градат бетонски одводен канал

Окт 05, 2022 Вести

Како резултат на успешната соработка помеѓу општините Босилово (Македонија) и Грмен (Бугарија), преку програмата за прекугранична соработка, во наредн...

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Бесплатни гинеколошки прегледи за жените од општина Василево

Окт 05, 2022 Вести

Следејќи го успешниот пример на работата на мобилните гинеколошки амбуланти низ различните општини во државата во текот на оваа година, Македонската а...

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на струмичкиот плоштад ја одбележаа Детската недела

Децата од градинките „Детска радост“ со песна и игра на стру…

Окт 05, 2022 Вести

Денеска на плоштадот „Гоце Делчев“ во Струмица беше разиграно, распеано, весело, се слушаше детскиот џагор. Околу 350 деца од предшколска возраст од Ј...