Започна гасификацијата на струмичката болница

Вторник, 08 Јуни 2021

Со стартот на изградбата на нова котлара, започна гасификацијата на ЈЗУ „Општа болница“ во Струмица, а веќе од следната грејна сезона ќе биде единствениот енергенс за греење.

Струмичката болница до минатата сезона беше посочувана како еден од најголемите загадувачи на амбиенталниот воздух во градот. Имаше денови кога мерните единици покажуваа присуство на PM10 и до 700 микрограми.

„Овој зафат, за мене лично како градоначалник и за општина Струмица има големо значење. Болницата, неколку години наназад беше посочувана како еден од загадувачите во нашата општина, бидејќи затоплувањето се вршеше со нафта и секако оние мерни станици коишто ги поставивме на почетокот од овој 3-4 годишен период, покажаа дека и општина Струмица, иако немавме такви сознанија, мора да се загрижи за квалитетот на амбиенталниот воздух“ – кажа градоначалникот Коста Јаневски, кој денеска заедно со директорката на ЈЗУ „Општа болница“, д-р Катерина Кузмановска и директорот на ЈПЕД „Струмица Гас“, Благој Милановиќ присуствуваа на поставување на темелите од котларата.

Вкупната вредност на ова инвестиција изнесува 6,9 денари, од кои 5 милиони денари се обезбедени преку Генералниот секретаријат на Владата и 1,9 милиони денари преку Министерството за здравство.

„Свој влог имаше и општината. Покрај големата желба и упорност ова да се реши, му дадовме целосно задолжување и поддршка на Јавното претпријатие за енергетски дејности „Струмица Гас“ за спроведување на целата постапка, како најкомпентентни за оваа дејност, којашто вклучува спроведување на тендерска постапка за изработка на проект, изградба на котлара, набавка и поставување на потребната опрема и приклучување на гасоводната мрежа“ – кажа Јаневски.

Директорот на ЈПЕД „Струмица ГАС“, Благој Милановиќ најави дека најдоцна до два месеци изградбата на новата котлара во кругот на болницата ќе биде готова, а со тоа и можноста од оваа грејна сезона болницата да се топли на гас.

Покрај еколошките придобивки, болницата ќе добие и економски, а со тоа лесно ќе може да ги пренамени средствата за доопремување на болничките капацитети.

Инаку, Струмица го користи увозниот компресиран гас, а околу 45 километри гасоводна мрежа веќе е поставена во градот. Од „Струмица Гас“ најавуваат и поставување на гасоводна мрежа до населените места околу градот.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Пожар на ридот над Струмица, гореше нискостеблеста шума, гореше и кај Габрово и Баница

Пожар на ридот над Струмица, гореше нискостеблеста шума, гор…

Јул 30, 2021 Вести

Попладнево околу 16:40 часот избувна пожар на ридот над Струмица во непосредна близина на турските гробишта. Гореше сува трева и нискостеблеста шума. ...

Повторно почнува да расте бројката со новозаразени со Ковид-19, Струмица со три нови случаи

Повторно почнува да расте бројката со новозаразени со Ковид-…

Јул 30, 2021 Вести

Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје, во последните 24 часа се направени 4.582 тестирања, а регис...

Жителите на „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“ останаа без вода за пиење, ќе немат вода до утре наутро

Жителите на „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“ останаа …

Јул 30, 2021 Вести

Жителите кои живеат на улиците „Бетовенова“, „Бошко Буха“ и „Братство“, во горниот дел на градот Струмица, односно турското маало, во моментот се без ...

Струмичката полиција синоќа со засилени мерки за санкционирање на возачи кои брзо возат

Струмичката полиција синоќа со засилени мерки за санкционира…

Јул 29, 2021 Вести

Секторот за внатрешни работи Струмица синоќа во периодот од 21:00 до 01.00 часот по полноќ презеде засилени мерки за санкционирање на возачи кои управ...

Во петок ќе биде поставена Изложба на уникатни ДЛ креации (морски ѕвезди)

Во петок ќе биде поставена Изложба на уникатни ДЛ креации (м…

Јул 29, 2021 Најава

Во петок (30 јули) од 19:00 часот во Центарот за култура „Антон Панов“ во Струмица, младата дизајнерка Данче Лазарова за прв пат ќе постави Изложба на...

Домот за стари лица „Отворено срце“ бара медицински сестри и негувателки

Домот за стари лица „Отворено срце“ бара медицински сестри и…

Јул 29, 2021 Веб Билборд

Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понеделник до петок од 08:00 до 16:00 ч...

АПЕЛ од „Комуналец“: Рационално да се користи водата

АПЕЛ од „Комуналец“: Рационално да се користи водата

Јул 29, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Поради зголемените температури на воздухот ЈПКД „Комуналец“ Струмица апелира до сите граѓани за совесно и рационално користење на водата за пиење. Вод...

Утре цел ден без електрична енергија ќе бидат жителите на селото Куклиш

Утре цел ден без електрична енергија ќе бидат жителите на се…

Јул 28, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (четврток, 29 јули), од 07:00 до 19:00 часот без електрична енергија ќе бидат корисниците во на...