Македонија со сребро во Европската сребрена лига, Данска со освоеното злато оди во Златната лига 2022

Недела, 06 Јуни 2021

Македонија не успеа да ја освои посакуваната титула во Европската сребрена лига. Во финалниот натпревар во Спортската сала „Парк“ во Струмица пред околу 700 гледачи, нашите одбојкари загубија од Данска со 3:1, освојувајќи го второто место и се закитија со сребрени медали и тоа по четврти пат „сребрени“ во Европската сребрена лига, во 2015, 2016, 2017 и годинава.

Данците со овој триумф си обезбедија настап во Златната лига во 2022 година. Во натпреварот за третото место, Унгарија ја совлада Хрватска со 3:2.

Данците го имаа најдобриот и најефикасен на натпреварот, 22-годишниот Мадс Кјед Јенсен со 32 поени. Капитенот на Македонија, Никола Ѓоргиев, забележа 14 поени.

„Можевме подобро, секако. Не можам сега да проценам дали и во што погрешивме, ќе треба да ја погледнам снимката од мечот. Мислам дека клучен беше третиот сет што го загубивме на разлика. Данците одиграа одличен меч, можеби најдобар последниве години и мора да им се честита“ – кажа капитенот на Македонија, Никола Ѓоргиев.

Пред почетокот на финалниот натпревар Одбојкарската Федерација на Македонија на репрезентативците Ѓорѓи Ѓоргиев, Никола Ѓоргиев, Владо Милев, Дарко Ангеловски, Филип Депостовски и Александар Љафтов им додели признанија за одиграни повеќе од 100 натпревари во дресот на македонската репрезентација.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Happy Pluto Pizza Factory“ итно има потреба од работничка

„Happy Pluto Pizza Factory“ итно има потреба од работничка

Јун 16, 2021 Веб Билборд

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица итно има потреба од девојка за работна позиција помошничка на пица мајстор. Пријавување и повеќе информации на: 0...

Актерите од струмичкиот театар утре два часа ќе ја блокираат раскрсницата пред зградата на Општина Струмица

Актерите од струмичкиот театар утре два часа ќе ја блокираат…

Јун 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Иницијативниот одбор на иницијативата „Култура или Фис-култура“ ја информира струмичката јавност дека утре, (среда, 16 јуни), од 11:00 до 13:00 часот ...

Се отвораат карневалите низ Европа, струмички карневалисти на карневал во Албанија

Се отвораат карневалите низ Европа, струмички карневалисти н…

Јун 13, 2021 Вести

Струмичкиот карневал и традицијата на градот под Царевите кули претставени пред публиката во Албанија. На покана од Центарот за уметност и култура-те...

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

Јун 13, 2021 Веб Билборд

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот. Пријавување на Facebook и Instagram профилите на бутикот: www.facebook.com/AngelsStrumica www.instagram...

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за непосредни средби со граѓаните

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за …

Јун 12, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. ...

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Јун 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Трет ден блокирана главната раскрсница пред ТЦ „Глобал“ во Струмица. Блокадите кои ги има во повеќе градови во терминот од 15 до 17 часот се организир...

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, кај него пронајдено марихуана и малолетничка која живеела во неговиот дом

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, к…

Јун 09, 2021 Вести

Денеска во Василево, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(36) од Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска на...

„Да и девојките играат фудбал“ - промовирана родовата еднаквост во фудбалот

„Да и девојките играат фудбал“ - промовирана родовата еднакв…

Јун 08, 2021 Вести

Во организација на ЖФК „Тиверија“, а со поддршка на градоначалникот и Советот на општина Струмица, денеска во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ ...