Испечатете ја страната

Реакција на ВМРО-ДПМНЕ на изјавата на пратеникот Костадин Костадинов

Четврток, 03 Јуни 2021

По денешната прес конференција на пратеникот Костадин Костадинов со реакција од Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Струмица.

Почитувани сограѓани ако сте го слушале овој глас со отровна реторика сигурно ви е јасно дека станува збор за некој кој со сеење магла предизвика економска и политичка пропаст на нашата Македонија.

Државата економски е разорена, здравствената криза уништи семејства и бизниси, во криминал се фатени луѓе од целиот врв на СДСМ но, нив народски кажано „лед не ги леди“. 

Договараат разни национални предавства и, во меѓувреме си делат тендери, се грижат за перспективите на марихуаната, си делат работни места на партиски активисти.

Ете денеска пратеникот од Северна Македонија, Костадин Костадинов излегува да раскаже за капиталните инвестиции на најнеспособната Влада во историјата на Македонија. 

Тоа биле, замислете: градинка, крак на болница, пат и мост и слични работи кои не би требало да ги спомнува ниту на состанок во неговата партија, а камоли на прес конференција на СДСМ за која е познато дека веќе 16 години е на власт во Струмица.

Денеска пратеникот Костадинов требаше да каже колку е реализирана нивната програма и зошто не е остварено она што е ветено. Тоа ќе беше доволно.

Народот веќе не му верува на СДСМ во очи на претстојните избори и, ваквите панични настапи ќе бидат претпоставуваме чести.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Јул 27, 2021 Магазин

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, денеска го слави својот 38 роденден. Пандев е еден од најдобрите фудбалери...

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Јул 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска до крајот на ова седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период ...

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Братство Единство“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Брат…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (понеделник, 26 јули), од 07:00 до 10:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од...

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на се што се продава таму

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на…

Јул 25, 2021 Магазин

Традиционално во последната недела од месец јули, познатиот струмички бренд „РАЗНОПРОМЕТ АС“ ја организира роденденската недела, почнувајќи од утре, п...

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на традиционални турски баклави

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на тра…

Јул 25, 2021 Маркетинг

Нова уникатна приказна во Струмица започнува од вечерва на плоштадот, спроти хотел „Есперанто“. Отворена е специјализирана продавница на традиционални...

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пронајдена марихуана

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пр…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа по полноќ, околу 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Х.Д.(21 година)...

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило излетал од патот

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило и…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 23:40 часот на патот Струмица – Ново Село, во село Босилово, патничко возило „Сеат Ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од ...

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во Струмица

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во С…

Јул 24, 2021 Вести

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, утре (недела, 25 јули) од 07:00 до 16:00 часот организира голема акција за чистење на отпадот во градот. Се планира да с...