Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ каде го промовираше дуалното образование

Среда, 12 Мај 2021

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на двете стручни училишта во Струмица, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Влахов“, каде заедно со градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски го промовираа дуалното образование, кое како што кажа Царовска, за прв пат се воведува овој концепт, кој сам по себе е доста интересен за младите, бидејќи обезбедува повеќе практична обука наместо изучување теорија и кој Владата го поддржува со доделување на стипендии од 3500 денари месечно за секој ученик.

Министерката Царовска имаше отворени средби со идни средношколци на кои тие се запознаваа со придобивките и можностите кои ги нуди средното стручно образование, а во рамки на кампањата „Учи паметно, работи стручно“.

„Тука едукацијата не е чисто формална. Учениците навистина го добиваат потребното знаење и подготвени влегуваат во работните и организациски структури на компаниите кои немаат дополнителни трошоци за нивна обука“, кажа Царовска информирајќи дека согласно конкурсот за упис во средно образование во учебната 2021-2022 година, во двете струмички средни стручни школи предвидени се вкупно 898 слободни места во 10 струки: земјоделско – ветеринарна, хемиско – технолошка, здравствена струка, угостителско – туристичка, машинска, текстилно кожарска, електротехничка, сообраќајна, градежно – геодетска и шумарско – дрвопреработувачка струка.

Градоначалникот Коста Јаневски вели дека овој концепт на Министерството за образование и наука ги дава и првите резултати во Струмица.

„Во средното училиште „Никола Карев“ се отворени три дуални паралелки во машинската, сообраќајната и градежно – геодетската струка и три дуални паралелки во ветеринарно – земјоделската, хемиско – технолошката и угостителската струка во средното училиште „Димитар Влахов“, усогласени со потребите на стопанството. Општина Струмица, на која еден од главните приоритети е локалниот економски развој, ја поддржува оваа кампања чија цел е во средните стручни училишта да се отвораат образовни профили во консултација со бизнис секторот“ – кажа Јаневски.

Министерката Царовска нагласи дека унапредувањето на квалитетот на средното стручно образование и подигнување на неговата атрактивност меѓу младите е дел од поширока стратегија за забрзување на севкупниот економски напредок на државата, нагласувајќи дека изборот на стручно образование нуди перспектива и затоа младите треба добро да размислат пред да донесат одлука каде ќе се запишат во средно училиште.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

„Happy Pluto Pizza Factory“ итно има потреба од работничка

„Happy Pluto Pizza Factory“ итно има потреба од работничка

Јун 16, 2021 Веб Билборд

„Happy Pluto Pizza Factory“ Струмица итно има потреба од девојка за работна позиција помошничка на пица мајстор. Пријавување и повеќе информации на: 0...

Актерите од струмичкиот театар утре два часа ќе ја блокираат раскрсницата пред зградата на Општина Струмица

Актерите од струмичкиот театар утре два часа ќе ја блокираат…

Јун 15, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Иницијативниот одбор на иницијативата „Култура или Фис-култура“ ја информира струмичката јавност дека утре, (среда, 16 јуни), од 11:00 до 13:00 часот ...

Се отвораат карневалите низ Европа, струмички карневалисти на карневал во Албанија

Се отвораат карневалите низ Европа, струмички карневалисти н…

Јун 13, 2021 Вести

Струмичкиот карневал и традицијата на градот под Царевите кули претставени пред публиката во Албанија. На покана од Центарот за уметност и култура-те...

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот

Јун 13, 2021 Веб Билборд

„Angels“ бара девојка за работа во бутикот. Пријавување на Facebook и Instagram профилите на бутикот: www.facebook.com/AngelsStrumica www.instagram...

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за непосредни средби со граѓаните

Отворена канцеларија на премиерот Зоран Заев во Струмица за …

Јун 12, 2021 Вести

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Зоран Заев, денеска во Струмица ја отвори Канцеларијата за непосреден контакт со граѓаните. ...

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Трет ден блокада во центарот на Струмица

Јун 10, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Трет ден блокирана главната раскрсница пред ТЦ „Глобал“ во Струмица. Блокадите кои ги има во повеќе градови во терминот од 15 до 17 часот се организир...

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, кај него пронајдено марихуана и малолетничка која живеела во неговиот дом

Струмичката полиција приведе 36-годишен жител од Василево, к…

Јун 09, 2021 Вести

Денеска во Василево, полициски службеници од СВР Струмица го лишиле од слобода Т.М.(36) од Василево. При претрес во неговиот дом, извршен со судска на...

„Да и девојките играат фудбал“ - промовирана родовата еднаквост во фудбалот

„Да и девојките играат фудбал“ - промовирана родовата еднакв…

Јун 08, 2021 Вести

Во организација на ЖФК „Тиверија“, а со поддршка на градоначалникот и Советот на општина Струмица, денеска во спортската сала на СОУ „Димитар Влахов“ ...