Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери

Среда, 12 Мај 2021

Со извршениот технички прием заврши реализацијата на проектот „Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинско мобилно отчитување и интеграција на водомерите во систем за далечинско отчитување и проширување на гасоводна секундарна дистрибутивна мрежа во Општина Струмица”.

Овој проект е дел од програматa за финансиски средства во форма на под-заеми од Светска Банка преку Министерство за финансии, а во рамките на вториот проект за подобрување на општинските услуги МСИП2. Временската рамка за реализација на овој проект беше 12 месеци од 15.05.2020 до 15.05.2021 година. Истиот се реализираше од страна на Одделението за ЛЕР при општина Струмица и во континуирана и професионална соработка со ЈПЕД „Струмица Гас“ и ЈПКД „Комуналец“.

Според Софче Иванова, менаџер на проектот, во текот на реализацијата од страна на изведувачот „Жикол“ Струмица и „Техноскоп“ Скопје, градежните активности се одвивале според однапред подготвениот динамички план и согласно плановите за заштита на животната средина и планот за превенција од Ковид-19.

„Во рамките на овој проект се изврши проширување на секундарната гасоводна мрежа и замена на куќните водомери. Во делот за замена на куќни водомери беше извршена замена на постоечките стари водомери кои според претходно направените анализи од страна на ЈПКД „Комуналец“ покажуваа големи загуби на вода и нереална потрошувачка која е на штета и на корисниците и на комуналното претпријатие, се заменија вкупно 7.000 нови, од кои 6.950 куќни хоризонтални и вертикални водомери и 50 индустриски водомери. За истите се набави нова софтверска опрема и се изврши надградба на опремата за далечинско мобилно отчитување и интеграција на водомерите во систем за далечинско отчитување. Замената на водомери се изврши во седум реони во општина Струмица, односно во реоните 1, 3, 4, 5, 7, 8 и 10, во кои спаѓаат индивидуално куќи, поголем број на згради за колективно домување и 50 индустриски објекти. Со опремата како и со водомерите ќе стопанисува како и досега ЈПКД „Комуналец“ Струмица. Втората активност од проектот беше проширување на секундарната гасоводна мрежа во општината. Оваа активност се одвиваше во вкупно десет урбани блока на 24 улици во градот Струмица со вкупна должина од 6.541 метар“ - кажа Иванова.

Вкупната вредност на под-заемот од Светска Банка со кој се реализираше овој проект е во износ од 91.599.393 денари.

Градоначалникот Коста Јаневски прави напори за реализација на уште еден проект во соработка со ЈПКД „Комуналец“ со кој би се замениле сите водомери и целосно ќе се дигитализира овој систем, а со ЈПКД „Струмица Гас“ ќе продолжи и проширувањето на гасоводната мрежа со што ќе се придонесе за намалување на загадувањето на воздухот во Струмица, информираат од општината.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Горан Пандев денеска го слави 38-от роденден

Јул 27, 2021 Магазин

Македонската интернационална фудбалска ѕвезда, струмичанецот Горан Пандев, денеска го слави својот 38 роденден. Пандев е еден од најдобрите фудбалери...

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Ова седмица високи температури со над 40 степени

Јул 26, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од денеска до крајот на ова седмица под влијание на топла воздушна маса од југ, времето ќе биде многу топло со натпросечни температури за овој период ...

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Братство Единство“ во Струмица

Утре прекин на електричната енергија на дел од улицата „Брат…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Од ЕВН Македонија – КЕЦ Струмица информираат дека утре (понеделник, 26 јули), од 07:00 до 10:00 часот ќе има прекин на електричната енергија на дел од...

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на се што се продава таму

Од утре на роденденски шопинг во „РАЗНОПРОМЕТ АС“, ПОПУСТ на…

Јул 25, 2021 Магазин

Традиционално во последната недела од месец јули, познатиот струмички бренд „РАЗНОПРОМЕТ АС“ ја организира роденденската недела, почнувајќи од утре, п...

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на традиционални турски баклави

НОВО во Струмица! Отворена специјализирана продавница на тра…

Јул 25, 2021 Маркетинг

Нова уникатна приказна во Струмица започнува од вечерва на плоштадот, спроти хотел „Есперанто“. Отворена е специјализирана продавница на традиционални...

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пронајдена марихуана

Струмичката полиција уапсила две млади момчиња, кај нив е пр…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

СВР Струмица информира дека синоќа по полноќ, околу 00:30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Х.Д.(21 година)...

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило излетал од патот

Повредено 23-годишно момче од Струмица, управувајќи возило и…

Јул 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Синоќа околу 23:40 часот на патот Струмица – Ново Село, во село Босилово, патничко возило „Сеат Ибица“ со струмички регистарски ознаки, управувано од ...

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во Струмица

Утре голема акција на „Комуналец“ за чистење на отпадот во С…

Јул 24, 2021 Вести

ЈПКД „Комуналец“ од Струмица, утре (недела, 25 јули) од 07:00 до 16:00 часот организира голема акција за чистење на отпадот во градот. Се планира да с...