Дрвошанов: Стоп за преговорите за Гоце, Стоп за трговијата со националните интереси

Вторник, 04 Мај 2021

Денеска на 118-годишнината од погибието на Македонскиот апостол Гоце Делчев, Унијата на Ветерани при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица организираа Протест за да кажат НЕ за предавството на националните интереси и СТОП за преговорите поврзани со ликот и делото на Гоце Делчев.

На протестот свое обраќање имаше претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ Струмица, Жан Дрвошанов.

Денеска на 4-ти мај, кога одбележуваме 118 години од убиството на Гоце Делчев пред нас стои предизвик. Генерациски предизвик како оној со кој се соочиле нашите храбри предци.

Се потпишуват договори, се преговара за Гоце Делчев, се тргува со вистината.

Денеска во Струмица пред најголемиот споменик на Гоце Делчев, на плоштадот кој го носи неговото име се собравме да кажеме: Стоп за преговорите за Гоце, Стоп за трговијата со националните интереси.

Гоце во Струмица ги има своите бежанци, кои сведочат со тешките  судбини заради македонското дело. Гоце е Македонецот на кого се сеќаваме во историјата. Тоа сеќавање е наш идентитет на кој ја засноваме визијата за иднината.

Од овде порачуваме: ДА, за добрососедски односи, ДА, за рамноправен договор со соседите. Но, само под еднакви услови и достоинство.

Го прашуваме градоначалникот на Струмица: Дали се согласува со официјалната политика на нивниот лидер Заев?

Наместо нејасни пораки, наместо отстапки единствената порака од овој плоштад денеска е: Гоце е Македонија!

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги користат училиштата и институциите за сопствена политичка промоција

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги ко…

Мај 12, 2021 Вести

„Најнеуспешната министерка за образование, Мила Царовска и градоначалникот на Струмица со најнизок рејтинг, Коста Јаневски веднаш да престанат да ги к...

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ каде го промовираше дуалното образование

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола К…

Мај 12, 2021 Вести

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на двете стручни училишта во Струмица, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Вла...

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на к…

Мај 12, 2021 Вести

Со извршениот технички прием заврши реализацијата на проектот „Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинск...

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Мај 12, 2021 Магазин

GHEE е новиот производ на Млекара „ЈОКА“ од Струмица, кој претставува висококвалитетен пречистен путер. Овој прехранбен продукт е добиен од сепарирана...