На денешен ден пред 118 години беше убиен Гоце Делчев

Вторник, 04 Мај 2021

Денеска е 4 мај, ден кога пред 118 години беше убиен Гоце Делчев. Сонцето на Македонија.

На денешен ден пред 118 години во нерамна, но херојска борба со турскиот аскер беше убиен Гоце Делчев, еден од најголемите македонски револуционери, апостол, идеолог и организатор на македонското национално и револуционерно движење при крајот на деветнаесеттиот и почетокот на дваесеттиот век. Војвода на војводите, инспектор на четите, учител и човек кој влевал доверба кај собеседниците и ја добивал нивната доверба. Живеел многу кратко време и не можел да даде сѐ што требало да даде за Македонија. Се родил во Кукуш, Егејска македонија, во 1872 година, а загинал на денешниот ден 1903 година. Краток век за толку силен и надарен човек. Извесно време бил учител во Штип (Ново Село), работа што била параван за неговата вистинска дејност. Неуморно крстарел низ Македонија будејќи го духот на народот и припремајќи го за борба. Тој имал бриљантен ум. Знаел дека неукиот народ треба да се освести, робот да сфати дека не сака да биде роб и дека не е роб. За соработници ги бирал најспособните и најхрабрите. Во своите обиколки низ Македонија не ја одминал ни Струмица. Овде доаѓал во повеќе наврати. Фаќањето на Назл`м бег и барањето откуп со цел да се пополни касата и да се купува оружје била причина повеќе Гоце да престојува во нашиот крај.

Заедно со Ѓорче Петров ги пишуваат нацртите на Уставот и Правилникот на ТМОРО. Со четата крстари низ Македонија и создава силна организациона мрежа.

Гоце Делчев бил против дигање на неподготвено востание и во материјален и во духовен поглед. Одлуката на Солунскиот конгрес силно го вознемирила и Гоце со сите сили се стремел да го одложи востанието. Во тоа не успеал, затоа што на пат за Сер, каде сакал да учествува на Серскиот окружен конгрес, бил убиен во селото Баница, Серско, на 4 мај 1903 година.

Смртта на Гоце силно одекнала не само во Македонија, туку и во светот. Нашиот народ долго време го оплакувал својот апостол, својата надеж, своето сонце...

Неговиот живот е најоплакан живот. Неговата смрт е најопеана смрт. Македонскиот народен гениј повеке песни испеал само за Марко Крале.

Една негова мисла и денеска восхитува со својата актуелност: Јас го разбирам светот единствено како поле за културен натпревар меѓу народите. Мисла која се вклопува во вечноста.

Еве една песна што ја имам запишано пред педесет години во која се пее за тоа, дека и гората се радувала кога през неа требало да помине војводата над војводите:

Развивај горо зелена,
направи сенка ладена!
Направи сенка ладена,
извади вода студена,
извади вода студена!
Извади вода студена,
през теп ште мине Делчето,
през теп ште мине Гоцето!
През теп ште мине Делчев војвода,
с неговата верна дружина,
с неговата верна избрана.
Ете го Делчев де иде,
наметнал пушка на рамо,
наметнал пушка на рамо.
Наметнал пушка на рамо,
јостегнал сивото којнче,
јстегнал сивото којнче.
Јостегнал сивото којнче,
право си тегле ф Струмица,
право си тегле ф Струмица.
Право си тегле ф Струмица,
ф Струмичкото Поле широко,
ф Струмичкото Поле широко.

Забелешка: Песната е снимена на 6.10.1970 година во с. Куклиш. Пееше Киро Попов, роден 1909 година. Снимил и дешифрирал Иван Котев.
Македонскиот народ во својата колективна меморија го чува ликот и делото на Гоце Делчев, лик кој како златозрачно сонце ќе го топли и подгрева духот на сегашните и на генерациите кои доаѓаат.

Напишано од Иван Котев

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги користат училиштата и институциите за сопствена политичка промоција

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги ко…

Мај 12, 2021 Вести

„Најнеуспешната министерка за образование, Мила Царовска и градоначалникот на Струмица со најнизок рејтинг, Коста Јаневски веднаш да престанат да ги к...

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ каде го промовираше дуалното образование

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола К…

Мај 12, 2021 Вести

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на двете стручни училишта во Струмица, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Вла...

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на к…

Мај 12, 2021 Вести

Со извршениот технички прием заврши реализацијата на проектот „Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинск...

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Мај 12, 2021 Магазин

GHEE е новиот производ на Млекара „ЈОКА“ од Струмица, кој претставува висококвалитетен пречистен путер. Овој прехранбен продукт е добиен од сепарирана...