Одбојкарите на Македонија се собраа во Струмица, почнува Европската Сребрена лига 2021

Понеделник, 03 Мај 2021

Македонската одбојкарска репрезентација, денеска и официјално го имаше првиот собир во пресрет на летните настапи во Европската Сребрена лига. Одбојкарите под водство на селекторот Матијашевиќ се собраа во хотелот „Сириус“ во Струмица, каде ќе бидат стационирани за време на подготовките до стартот на првиот турнир кој ќе се одржи исто така во Струмица.

Вкупно 20 репрезентативци се на списокот на Матијашевиќ, кои со тренинзи почнуваат во салата „Парк“ во Струмица каде што ќе бидат одиграни и средбите од првиот турнир во нашата група „А“, како и завршниот на најдобрите четири тима. Фактот што „црвено-жолтите“ се сигурни учесници на него, овозможува да играат без преголем резултатски притисок на шесте натпревари во групната фаза, а со тоа постепено да ја градат потребната форма за последните два меча од Европската сребрена лига 2021.

„Ова ќе биде долг репрезентативен период и задовоство е што ќе го почнеме со учество во Европската сребрена лига во којашто се враќаме по три години. Сакаме да го освоиме првото место, а потоа ќе размислуваме за Европското првенство во септември. Абициите се јасни и верувам дека се остварливи“, убеден е капитенот Никола Ѓорѓиев.

„Притисокот сега е на играчите затоа што по подолг период се враќаме во градот на одбојката – Струмица, а струмичката јавност заслужува да се радува на голем одбојкарски резултат. Но големите тимови ваквиот притисок го користат во своја полза и се надевам дека ќе биде така и со нас“, вели генералниот секретар на ОФМ, Зоран Карановиќ.

„Се радувам што по седум години македонската одбојкарска репрезентација ќе игра во салата од каде што потекнуваат повеќе од половина од нашите играчи. Тоа за нив ќе биде голем мотив да ги остварат плановите иако нема да биде лесно. Но јас верувам дека националниот состав има квалитет да го освои златото, а тоа да биде најава за нови успеси на големата европска сцена“, изјави потпретседателот на ОФМ, Стојан Иванов.

„Јас лично верував во овој тим постојано, дури и кога резултатите не беа според нашите очекувања. Но сега мислам дека созреавме сите, од играчите во репрезентацијата, до Федерацијата, па и целиот одбојкарски амбиент, така што за мене првиот чекор треба да биде успешно финале во Европската сребрена лига“, прецизен е потпретседателот на ОФМ, Ивица Хаџииљоски.

„Во период од повеќе од една деценија се променија многу работи кога се во прашање ваквите собири. Сега сме во ситуација да планираме големи резултат, а притоа оптимизмот да не биде базиран на желби, туку на она што го направивме во претходните години“, рече претседателот на ОФМ, Петар Јовановски.

Во текот на подготвителниот период во план се и неколку пријателски натпревари, но се уште се чека потврда на можните противници и на термините. Извесно е дека репрезентацијата ќе биде заедно до седми јуни, а потоа ќе има одмор до почетокот на јули за кога се предвидени подготовките за претстоното Европско првенство, втор за нас по она во Љубљана пред две години кога против Белорусија ја забележавме премиерната победа на континенталните собири, а потоа славевме и над актуелниот европски вицепрвак Словенија. Токму тие резултати се мотивација за ново поместување на резултатската граница.

Прв турнир, Струмица:

21 мај (петок)

17:00 Данска – Израел

20:00 Македонија – Кипар

22 мај (сабота)

17:00 Данска – Кипар

20:00 Македонија – Израел

23 мај (недела)

17:00 Израел – Кипар

20:00 Македонија – Данска

 

Втор турнир, Шлагелсе (Данска):

28 мај (петок)

16:00 Израел – Кипар

19:00 Македонија – Данска

29:мај (сабота)

16:00 Израел – Македонија

19:00 Данска – Кипар

30 мај (недела)

16:00 Кипар – Македонија

19:00 Данска – Израел

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги користат училиштата и институциите за сопствена политичка промоција

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги ко…

Мај 12, 2021 Вести

„Најнеуспешната министерка за образование, Мила Царовска и градоначалникот на Струмица со најнизок рејтинг, Коста Јаневски веднаш да престанат да ги к...

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ каде го промовираше дуалното образование

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола К…

Мај 12, 2021 Вести

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на двете стручни училишта во Струмица, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Вла...

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на к…

Мај 12, 2021 Вести

Со извршениот технички прием заврши реализацијата на проектот „Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинск...

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Нов производ на Млекара „ЈОКА“ – GHEE пречистен путер

Мај 12, 2021 Магазин

GHEE е новиот производ на Млекара „ЈОКА“ од Струмица, кој претставува висококвалитетен пречистен путер. Овој прехранбен продукт е добиен од сепарирана...