Противпожарната единица на Струмица доби нова опрема и возило за непристапен терен

Четврток, 29 Април 2021

Преку проект финансиран од Европската унија Противпожарната единица на Струмица доби ново специјализирано теренско возило за гаснење шумски пожари со капацитет од 400 литри вода, противпожарни одела, системи за гаснење пожари со екстремно висок притисок, генератори за електрична енергија, водоводни пумпи, чамци за спасување, дефибрилатор за прва помош, но и опрема за реакција во случај на поплави. Опремата е набавена  како дел од прекуграничната соработка помеѓу општините Струмица и Петрич во рамките на проектот „Заштита на локалното население од природни катастрофи и катастрофи предизвикани од човекот“, вреден 119.000 евра.

Градоначалникот на Струмица вели дека новата опрема е многу значајна, бидејќи со неа ќе се олесни секојдневното функционирање на единицата. Во иднина ќе може да интервенираат и на терени на кои до сега нивните возила не беа во можност да пробијат.

„Овој систем има голема вредност за општина Струмица, бидејќи освен за гаснење шумски пожари, ќе овозможи и интервенции во повисоките делови од градот, каде што поради сообраќајници со несоодветна широчина, невозможно е да пристапи големо противпожарно возило. Ова теренско возило има систем за два модула, како за шумски пожари, така и за поплави, за кои набавена е и специјализирана опрема“, кажа градоначалникот Коста Јаневски.

Како дел од проектот, следниот месец треба да се одржи и заедничка обука на пожарникарите од Струмица и Петрич, а се подготвува и едукативна брошура наменета за едукација на учениците од основното образование.

Независно од овој, во тек на реализација се уште два проекти финансирани од ЕУ преку кои за струмичката Противпожарна единица ќе бидат набавени уште едно возило, опрема и заштитни одела за пожарникарите.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Отворен Граничниот премин „Евзони“ кон Грција

Отворен Граничниот премин „Евзони“ кон Грција

Мај 14, 2021 Вести

Денеска од страна на грчките гранични служби добивме известување дека од 13:00 часот е дозволен е влез во Република Грција на граѓаните од ЕУ, трети з...

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаров“ времено да се користи за регионален пункт за вакцинација

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаро…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Советот на општина Струмица денеска одржа вонредна седница на која советниците едногласно донесоа Одлука за престанок на трајно и давање на времено ко...

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги користат училиштата и институциите за сопствена политичка промоција

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги ко…

Мај 12, 2021 Вести

„Најнеуспешната министерка за образование, Мила Царовска и градоначалникот на Струмица со најнизок рејтинг, Коста Јаневски веднаш да престанат да ги к...

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ каде го промовираше дуалното образование

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола К…

Мај 12, 2021 Вести

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на двете стручни училишта во Струмица, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Вла...