Дури 11 струмичани ќе бидат во одбојкарската репрезентација за Европската сребрена лига на ЦЕВ, а подготовките ќе бидат во Струмица

Среда, 28 Април 2021

Дури 11 струмичани од кои 10 одбојкари на „ЏИО Струмица“ се повикани за новиот репрезентативен собир на македонската одбојкарска репрезентација по повод настапот во Европската лига, а подготовките ќе бидат во Струмица.

Ѓорѓи Ѓорѓиев, Никола Ѓорѓиев, Ефтим Ричлиев, Владо Милев, Александар Љафтов, Стојан Илиев, Ристо Николов, Филип Маџунков, Славе Наков, Васе Михаилов и Костадин Ричлиев се дел од 20-члениот тим на македонската репрезентација предводени од селекторот Никола Матијашевиќ.

Македонските одбојкари се во групата „А“ со Данска, со Израел и со Кипар, а во групата „Б“ се првиот победник во натпреварувањето – Хрватска, која триумфираше на завршниот турнир во „Кале“ во Скопје во 2018, потоа Луксембург, Унгарија и Австрија. Севкупно, откако ЦЕВ ја формираше Европската лига во 2014, нашата репрезентација учествуваше петпати едноподруго и освои три сребрени (2015, 2016 и 2017) и еден бронзен медал (2014). Во 2018 завршивме четврти, во 2019 не бевме дел од оваа конкуренција, додека минатата година немаше натпревари поради пандемијата.

Овој пат целта е да се освои првото злато во Европската (сребрена) лига, а тоа да биде вовед кон нов успешен резултат на континенталните самити. Шансите за тоа се зголемени затоа што македонските одбојкари сигурно ќе играат на завршниот турнир за титулата со оглед дека ОФМ ја доби довербата за организација на полуфиналните и на средбите за медал, а исто така, кај нас ќе биде одржан и првиот турнир од групната фаза. Во периодот од 21-23 мај во салата „Парк“ во Струмица ќе гостуваат Израелците, Кипарците и Данците, кои се домаќини на вториот турнир од 28-30 мај во Шлагелсе. Најдобрите четири екипи во натпреварувањето ќе се надмудруваат за медалите на турнирот во Струмица на 5-ти и на 6-ти јуни.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаров“ времено да се користи за регионален пункт за вакцинација

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаро…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Советот на општина Струмица денеска одржа вонредна седница на која советниците едногласно донесоа Одлука за престанок на трајно и давање на времено ко...

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги користат училиштата и институциите за сопствена политичка промоција

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги ко…

Мај 12, 2021 Вести

„Најнеуспешната министерка за образование, Мила Царовска и градоначалникот на Струмица со најнизок рејтинг, Коста Јаневски веднаш да престанат да ги к...

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ каде го промовираше дуалното образование

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола К…

Мај 12, 2021 Вести

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на двете стручни училишта во Струмица, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Вла...

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на к…

Мај 12, 2021 Вести

Со извршениот технички прием заврши реализацијата на проектот „Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинск...