Митева: Со реформата во образованието децата ќе поминуваат подолго и поквалитетно време на училиште каде ќе учат директно од наставнците

Среда, 28 Април 2021

„Со реформата децата ќе поминуваат подолго и поквалитетно време на училиште каде ќе учат директно од наставнците, а помалку време ќе им биде потребно да учат подоцна самите“ – кажа на денешната прес конференција, Сања Митева од ОО на СДСМ Струмица.

Интегрален текст од прес конференцијата:

Ветуваме и развиваме нов автентичен модел на квалитетно образование достапно за сите.

Во создавањето на квалитетно образование многу вложуваме и во човечкиот потенцијал. Клучот на успехот е наставникот, а без професионални и мотивирани наставници нема квалитетно образование. Наставниците кои континуирано ќе учат и ќе се надградуваат ќе добиваат и повисоки надоместоци, ќе напредуваат во повисоки звања.

Темелната реформа во образовниот систем опфаќа и реформа на моделот на користење на наставните материјали. Креиран е автентичен, македонски модел на користење на наставни материјали, кој е во најдобар интерес на децата, на потребата за забрзано приближување до квалитетните образовни системи од развиените земји и создавање функционален образовен систем прилагоден на наши услови.

Новиот модел е во основа на Законот за учебници и други наставни и дидактички материјали што ќе се воведува сукцесивно, согласно изготвувањето на новите наставни програми.  Преку овој пристап, наставните содржини се прилагодуваат на современите формати, преку кои тие многу полесно и побрзо ќе може да ги совладуваат лекциите, но и да ги користат дигиталните алатки за стекнување знаење и истражување.

Со реформата децата ќе поминуваат подолго и поквалитетно време на училиште каде ќе учат директно од наставнците, а помалку време ќе им биде потребно да учат подоцна самите. Дигитализацијата на учебниците, лесното пребарување по нив и користење на напредни мултимедијални содржини ќе овозможи побрзо и поефикасно да учат и се развиваат.

За учениците од прво до трето одделение и натаму ќе се обезбедуваат печатени учебници, бидејќи тоа е период во кој треба да се развие однос на детето кон книгата. За учениците од четврто и погорните одделенија, прва опција ќе бидат дигиталните учебници, имајќи предвид дека кај нив веќе се развиени вештините за примена на ИТ-технологија и  електронски алатки.

Овој комбиниран пристап практично ќе им овозможи на децата да имаат достапни материјали во дигитален формат како и да ги користат секаде и во секое време.

Оваа модернизација на образованието воопшто не значи укинување на книгите. Учениците ќе имаат можност за полесно и поинтересно совладување на наставните содржини со помош на дигиталните учебници.

Секогаш го правиме најдоброто за ученицте, но со овие реформи вложуваме и во идните генерации.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаров“ времено да се користи за регионален пункт за вакцинација

Советот донесе Одлука спортската сала во ООУ „Никола Вапцаро…

Мај 14, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Советот на општина Струмица денеска одржа вонредна седница на која советниците едногласно донесоа Одлука за престанок на трајно и давање на времено ко...

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

The Public вработува мотивирани и енергични членови на тимот

Мај 14, 2021 Веб Билборд

Ново во Струмица! Струмица наскоро ќе го добие The Public Bar & Coffee, кој се наоѓа во срцето на градот на самиот плоштад. The Public вработува ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод празнико…

Мај 13, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски по повод празникот Рамазан Бајрам упати честитка до своите сограѓани од исламска вероисповед. П...

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мислиманите денеска го слават Рамазан Бајрам

Мај 13, 2021 Магазин

Муслиманите во Македонија, како и во целиот свет, денеска го слават Рамазан Бајрам. По едномесечниот пост, во кој верниците се воздржуваа од храна и п...

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележувајќи го патрониот празник

Училиштето „Сандо Масев“ промовираше своја химна, одбележува…

Мај 12, 2021 Вести

Општинското основно училиште „Сандо Масев“ од Струмица, денеска го одбележа својот патрон - 79 години од убиството на Сандо Масев. Претставници на Одд...

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги користат училиштата и институциите за сопствена политичка промоција

ВМРО-ДПМНЕ: Царовска и Јаневски веднаш да престанат да ги ко…

Мај 12, 2021 Вести

„Најнеуспешната министерка за образование, Мила Царовска и градоначалникот на Струмица со најнизок рејтинг, Коста Јаневски веднаш да престанат да ги к...

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола Карев“ и „Димитар Влахов“ каде го промовираше дуалното образование

Министерката Мила Царовска во посета на училиштата „Никола К…

Мај 12, 2021 Вести

Министерката за образование и наука, Мила Царовска денеска беше во посета на двете стручни училишта во Струмица, СОУ „Никола Карев“ и СОУ „Димитар Вла...

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери

Заврши реализацијата на проектот - Замена и инсталација на к…

Мај 12, 2021 Вести

Со извршениот технички прием заврши реализацијата на проектот „Замена и инсталација на куќни ултразвучни водомери со надоградба на опрема за далечинск...