Oд утре на сила стапуваат нови рестриктивни мерки - најави премиерот Заев

Понеделник, 05 Април 2021

„Oд утре на сила стапуваат нови рестриктивни мерки. Полицискиот час наместо од 22 ќе започнува во 20 часот. Се затвораат сите угостителски објекти во земјава, a се воведуваат и други рестриктивни мерки“ - информираше денеска премиерот Зоран Заев.

„Британскиот сој на коронавирус зема се поголем замав. Постои сериозно оптоварување на здравствениот систем. Здравствените работници се борат за секој живот. Но се помалку се почитуваат мерките за заштита“ - кажа на прес конференција премиерот Зоран Заев и најави засилени инспекциски и полициски контроли.

Апелираше до сите граѓани да не се групираат и да ги почитуваат рестриктивните и превентивните мерки.

Забрана и посебен режим на движење во временски период од 20:00 до 05:00 часот наредниот ден, почнувајќи од 06.04. до 20.04.2021 година.

На граѓаните кои извршиле вакцинација во Центрите за вакцина за временскиот период пред почнување на забраната и посебниот режим на движење им се дозволува враќање во нивните живеалиште или престојувалишта врз основа на потврда за вакцинација.

Целосна забрана за посетители/гости во сите угостителски објекти и други кои даваат угостителски услуги, како и во делот за храна на хотели, мотели и пансиони, а оние објекти кои вршат подготовка на храна може да вршат продажба алтернативно, на пример „онлајн“ и сите да вршат достава или да има самостојно подигнување на нарачката преку штанд почнувајќи од 7 до 20 април 2021 година.

Исклучок од ова се аеродромите во Скопје и Охрид, како и деловите за храна во објектите за сместување од лица сместени таму.

Целосна забрана за посетители во сите обложувалници. Нивната работа да биде овозможена исклучиво на штанд, пункт или пулт почнувајќи од 07.04. 2021 до 20.04.2021 година.

Целосна забрана за посетители/гости во сите спортски центри и клубови наменети за вежбање почнувајќи од 6 април до 20 април 2021 година.

Се забранува организирање и присуство/учество на секаков вид конференции, семинари и курсеви, но и други настани од ваков вид од 6 април до 20 април 2021 година

На земјоделците им се овозможува движење до пазарите, до нивите и слично, врз основа на потврда за движење.

За време на посебниот режим на движење, сите граѓани кои живеат во станбени објекти за колективно домување и имаат домашно милениче куче, може од 22:00 часот до 23:00 часот да го изнесат најмногу до 100 метри од објектот во кој живеат.

Останува на сила мерката за групирање на повеќе од четири лица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струмица

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струми…

Апр 10, 2021 Вести

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, најмладиот има 50 години

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, нај…

Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Апр 08, 2021 Вести

Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Апр 08, 2021 Вести

Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Апр 07, 2021 Вести

Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25 лица се новозаразени

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25…

Апр 07, 2021 Вести

Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Апр 07, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскио…

Апр 07, 2021 Вести

„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...