Почнува масовната вакцинација во државата против Ковид-19

Понеделник, 05 Април 2021

Масовното вакцинирање на населението против Ковид-19 во земјава официјално ќе почне од денеска во А1 Арената (сала „Борис Трајковски“). Закажани се термини за 3000 граѓани, кои ќе бидат вакцинирани со руската вакцина „Спутник В“.

Во оваа фаза ќе бидат имунизирани лица од т.н. критична инфраструктура – вработени во МВР, АРМ, новинари, возачи на автобуси, пожарникари, воспитувачки во градинките, вработени на патарини и други.

Според планот за имунизација, вакцинацијата со 20.000 руски вакцини „Спутник“, донација од Србија, ќе се одвива на 48 пункта.

Во салата завчера беше направена проба како ќе функционира и ќе се координира масовната вакцинација – местата каде ќе се прави приемот на граѓаните, потоа индивидуалниот преглед и вакцинирањето, пунктови каде ќе се издаваат потврди со термини за ревакцинација, местото за фрижидерите за вакцините и друго.

Ќе има тим од 20-ина медицински сестри и пет доктори во две смени. Во салата одредени се места каде вакцинираните ќе бидат под опсервација 15 до 20 минути. На самото место ќе има екипи на Итна медицинска помош, доколку има потреба да интервенираат.

Во средата почна вакцинацијата на лица над 77 години со вакцините на „Астра Зенека“. Вакцинацијата се одвива во скопските поликлиники во здравствените домови во Прилеп, Охрид, Гостивар, Штип, Куманово, Велес, Битола, Струмица и во болницата во Кавадарци. Минатата недела во земјава стигнаа 24.000 вакцини на „Астра Зенека“, а за лицата над 75 години ќе се искористат 20.000.

Процесот на имунизација против коронавирусот, кај нас почна 16 февруари, со вакцинирање на здравствените работници. Досега се вакцинирани 7005 здравствени работници. Над 4000 примија вакцина на „Фајзер“ и беа ревакцинирани.

Околу 10.000 наши граѓани ја искористија можноста да се вакцинираат во соседна Србија.

Во земјата досега има пристигнато 78 илјади вакцини, од кои 48 илјади се донација од српската Влада.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струмица

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струми…

Апр 10, 2021 Вести

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, најмладиот има 50 години

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, нај…

Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Апр 08, 2021 Вести

Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Апр 08, 2021 Вести

Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Апр 07, 2021 Вести

Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25 лица се новозаразени

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25…

Апр 07, 2021 Вести

Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Апр 07, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскио…

Апр 07, 2021 Вести

„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...