Во Струмица денеска пристигнаа 600 дози вакцини „AstraZeneca“, а вакцинацијата на првата група пријавени граѓани постари над 77-годишна возраст започнува од утре, среда, 31 март во 07:00 часот, информираше директорката на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, Љубица Митева.
Вакцинирањето ќе се спроведува во Службата за спортска медицина која работи во рамките на ЈЗУ „Здравствен дом“ Струмица, согласно пријавувањето кај матичните лекари, преку „Мој термин“.
Националниот систем „Мој термин“ од синоќа од 19:00 часот ги отвори термините преку кои матичните лекари закажуваат вакцинација на гараѓани што се опфатени во првата фаза и спаѓаат во групата 1Б од Националната стратегија за ковид-имунизација.
Матичниот лекар не секој граѓанин кога му закажува тремин за вакцинација, должен е да му каже во колку часот треба да се вакцинира и на кој пункт во здравствената установа во која се спроведува вакцинација против Ковид-19.
Граѓаните кои имаат термин и ќе ја примат вакцината потребно е со себе да понесат здравствена книшка и лична карта, за да бидат внесени во системот кој води грижа и за нивната ревакцинација.
.
.
Апр 10, 2021 Вести
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...
Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...
Апр 08, 2021 Вести
Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...
Апр 08, 2021 Вести
Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...
Апр 07, 2021 Вести
Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...
Апр 07, 2021 Вести
Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...
Апр 07, 2021 Вести
Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...
Апр 07, 2021 Вести
„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...