Околу 200 активисти на граѓански организации го исчистија ѓубрето на ридот над Струмица

Понеделник, 29 Март 2021

Ѓубрето на ридот над Струмица е исчистено. Околу 200 активисти на повеќе граѓански организации вчера собраа над 400 вреќи ѓубре кое го фрлаа несовесните граѓани, рекреирајќи се во овој реон над градот.

Поделени во две групи, едните по Трим патеката од Ловен дом преку манастирот „Св. Илија“ до Чамчифлик, а другите по патот од кај лозињата до Чамчифлик, ја реализираа акцијата насловена „Чисти ридови за сите“ и истата беше во согласност со сите протоколи со оглед на пандемиските услови.

„Ова акција направи да ние, голем број организации со нашите верни членови се сплотиме заедно, да направиме нешто што ќе ја подигне свеста за почиста животна средина кај многу од луѓето“ – велат организаторите, апелирајќи до сите граѓани да се намали фрлањето на отпад таму кадешто на секому ќе му се присака.

Во акцијата се вклучија, „ВК Актив“, кој беше и иницијатор на ова еко-акција, „Беласица Ран”, „Ентузијаст”, ОО на Црвен крст - Струмица”, Младински совет – Струмица, „Монго кампинг”, „Југоисток“, „Здрава котлина”, „Планетум”, „Еделвајс”, Мотокрос клуб „Џабл”, ЦИА „Новус“ Струмица, „МВП Академија”, „Риверсаунд”, „Риверсофт, Кинолошкото Друштво „Астрион Канин“, „Повик од Дивината“, КК Струмица, СОУ „Јане Сандански“, „Тимас“, ЈП „Комуналец“ Струмица, „One way dance studio“, Алпинистички клуб „Скала“, Радиоаматерски клуб Струмица, Зелен Крст на Македонија, Делегација на Европска Унија Скопје заедно со Europe House Струмица (#ЗаЧистоКакоДомаИсто), како и Општина Струмица.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струмица

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струми…

Апр 10, 2021 Вести

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, најмладиот има 50 години

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, нај…

Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Апр 08, 2021 Вести

Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Апр 08, 2021 Вести

Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Апр 07, 2021 Вести

Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25 лица се новозаразени

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25…

Апр 07, 2021 Вести

Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Апр 07, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскио…

Апр 07, 2021 Вести

„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...