Во недела, 28 март, во периодот од 10:30 до 14:00 часот, над Струмица ќе се организира еколошка акција со чистење на отпадоци, насловена: „Чисти ридови за сите”.
Според најавата, ќе има две почетни локации, едната е пред „Ловен дом” од каде ќе се продолжи по трим патеката се до манастирот „Св.Илија“, а другата е пред СОУ „Никола Карев” од каде учесниците во акцијата ќе се упатат по асфалтниот пат Лозињата – Чамчифлик. На крајот е планирано двете групи да се сретнат некаде на Чамчифлик, на едно мало плато каде заеднички ќе го поздрават настанот, а ќе се упати и апел за хуманитарна помош на нашиот сограѓанин Стефан Таушанов.
Поканети на оваа заедничка акција се сите активни граѓани кои можат и сакаат почиста животна средина. Од заедничкиот одбор на настанот се истакнува дека ќе бидат почитувани сите мерки за претпазливост, како што се носење на заштитна маска, држење соодветна дистанца, а учесниците ќе имаат можност за честа дезинфекција на рацете.
Струмичкиот градоначалник, Коста Јаневски, кој ја поддржува ова еко акција на граѓанските организации упати апел до граѓаните да се вклучат во неа.
„Пролетта е период во кој се зголемуваат желбата и потребата за поголем престој и рекреација во природа. Нашата општина има одлични локации за оваа намена. Колку се тие посредени и почисти, толку поголемо ќе биде уживањето во нив. Затоа, ја поздравувам и се вклучувам во Еко акцијата „Чисти ридови за сите“ – напиша градоначалникот Јаневски.
Организатори на ова акција се Велосипедскиот клуб „ВК Актив” рамноправно и заедно со членови на здруженијата „Беласица Ран”, „Ентузијаст”, Спортски клуб „Југоисток“, ОО на Црвен крст - Струмица, Младински совет - Струмица, „Монго кампинг”, „Здрава котлина”, „Планетум”, „Еделвајс”, Мотокрос клуб „Џабл”, „Друмски велосипедисти”, ЦИА „Новус“ Струмица, „МВП Академија”, „Риверсаунд”, Кинолошкото Друштво „Астрион Канин“, Алпинистички клуб „Скала“, „Повик од Дивината“, Радиоаматерски клуб Струмица, а е поддржана од Делегацијата на Европската унија - Скопје (Delegation of the European Union Skopje), Европска куќа - Скопје (Europe House - Skopje), како и од Општина Струмица.
.
.
Апр 10, 2021 Вести
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...
Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...
Апр 08, 2021 Вести
Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...
Апр 08, 2021 Вести
Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...
Апр 07, 2021 Вести
Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...
Апр 07, 2021 Вести
Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...
Апр 07, 2021 Вести
Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...
Апр 07, 2021 Вести
„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...