Општина Ново Село доби Мобилна амбуланта, од понеделник ќе се движи низ селата за да им пружа медицинска услуга на жителите

Недела, 28 Февруари 2021

Од понеделник започнува да функционира Мобилната амбуланта на Општина Ново Село набавена преку проектот „Мрежа за примарна здравствена заштита“, кој е финансиран преку Интеррег ИПА Програмата за прекугранична соработка „Грција – Република Северна Македонија“.

Општина Ново Село заедно со младинското здружение „Феникс“, преку овој проект, кој го реализираат со грчката општина Ираклеа и Инситутот „Демокритос“, го обезбедија специјалното амбулантно возило со медицинска опрема кое од понеделник до петок, почнувајќи од 1 март, ќе се движи по населените места на општина Ново Село, а медицински тим составен од двајца лекари, медицинска сестра, социјален работник, возач и ИТ инженер на жителите ќе им пружа бесплатни примарни здравствени услуги. Медицинската опрема во возилото вклучува апарати за мерење крвен притисок, спирометар, инструменти за мерење шеќер, триглецириди и холесторол во крвата, оскиметар, два типа на ЕКГ, ЕХО ултразвук.

Први медицинската услуга ќе ја добијат жителите на селото Колешино, таму утре (понеделник, 1 март), мобилното амбулантно возило со медицинскиот персонал ќе престојува од 09:30 до 13:30 часот, а веднаш потоа замунува за Борисово каде ќе биде до 17:30 часот.

Во вторник, од 09:30 до 11:30 часот амбулантното возило ќе биде во селото Мокрино, од 11:30 до 14:30 часот во Мокриево, а од 14:30 до 17:30 часот во Смоларе.

Во среда ќе се пружа медицинска услуга на жителите во Самоилово и Ново Село. Од 09:30 до 13:30 часот медицинскиот тим ќе биде во Самоилово, а од 13:30 до 17:30 часот во Ново Село.

За четврток планирани се посети на населените места: Дражево од 09:30 до 11:30 часот, Старо Коњарево од 11:30 до 14:30 часот и Ново Коњарево од 14:30 до 17:30 часот.

Во петок, медицинска услуга во мобилното амбулантно возило ќе добијат жителите на село Сушица, од 09:30 до 13:30 часот и од 13:30 до 17:30 часот жителите на Зубово.

Инаку, вкупниот буџет на овој проект изнесува 1.085.330 евра, од кои Општина Ново Село има буџет од 363.530 евра. Финансиските средства се 100% неповратен грант од кои, 85% се финансиски средства од Европската унија, а 15% е национално кофинансирање.

Неможе да се пријавите самите

  • Права:

    © Крадењето авторски содржини е забрането со закон. Преземање текстови, изјави или фотографии во авторска сопственост на порталот www.StrumicaNet.com е дозволено делумно, со задолжителен хиперлинк до содржината која се пренесува...

.

.

ПОВЕЌЕ ВЕСТИ

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струмица

Извршена обљуба врз 18-годишна девојка во центарот на Струми…

Апр 10, 2021 Вести

СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, најмладиот има 50 години

Струмица денеска со 53-ца новозаразени, починале тројца, нај…

Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ

Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Нови 45 лица заразени во Струмица, тројца починати

Апр 08, 2021 Вести

Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Младо момче ја прегазило девојката во центарот на Струмица

Апр 08, 2021 Вести

Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Прегазена девојка во Струмица, возачот побегнал

Апр 07, 2021 Вести

Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25 лица се новозаразени

Црн Ковид биланс во Струмица: Починаа петмина струмичани, 25…

Апр 07, 2021 Вести

Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Се асфалтираше главната улица во центарот на Бориево

Апр 07, 2021 Вести

Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскиот ден на здравјето

Честитка од градоначалникот Коста Јаневски по повод Светскио…

Апр 07, 2021 Вести

„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...