Пред споменикот „Македонија“, родната Струмица на претседателот Борис Трајковски ја одбележа 17-годишнината од загинувањето во трагичната авионска несреќа во близина на Мостар, Босна и Херцеговина.
„Оваа наша Струмица низ своето долго постоење дала бројни познати и признати личности кои оставиле значаен печат со своето професионално делување, кои преку својата успешна кариера извршиле полна афирмација и популаризација на Струмица, не само во државни рамки, туку и пошироко низ светот. Афирмирајќи го својот град тие истовремено ја афирмирале и својата татковина, оставајќи зад себе дела за паметење. Дефинитивно еден од нив кој вечно ќе се памети е претседателот Борис Трајковски, човекот кој и денес не собра пред Споменикот кој е подигнат во негова чест. За жал, поводот за овој собир беше одбележувањето на денот на неговото прерано заминување. Тоа го правиме секоја година на денешен ден, за да покажаме и докажаме дека големите луѓе никогаш не умираат, дека тие живеат вечно во спомените на оние кои ги почитуваат вистинските вредности. Човечноста, искреноста и љубовта беа негови главни одлики. Тие доблести го правеа голем, онолку голем колку што беше голема неговата верба во Македонија. Таков го паметиме, таков и ќе остане во спомените на сите негови современици од земјава и целиот свет“ – кажа во своето обраќање градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Од семејството на Борис Трајковски, граѓани, роднини, пријатели, претставници на локалната самоуправа, на Владата, политички партии и здруженија на граѓани со положување свежо цвеќе и поклонување пред неговиот споменик ја искажаа својата почит.
Членови на Рецитаторската секција при Домот за деца и млади „Благој Мучето“ од Струмица, интерпретираа рецитал посветен на претседателот Борис Трајковски.
Традиционално пред споменикот кој Струмица го издигна во чест на претседателот Борис Трајковски, Унијата на жени при ОК на ВМРО-ДПМНЕ од Струмица, засадија дрвце. Освен членови на ова партија, во чинот на засадувањето се приклучи и градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Борис Трајковски е роден во Струмица на 25 јуни 1956 година. Беше втор претседател на Република Македонија во периодот од 15 декември 1999 година до неговата смрт во 2004 година.
.
.
Апр 10, 2021 Вести
СВР Струмица до Основното јавно обвинителство во Струмица поднел кривична пријава против И.Д. (18), кој престојува во селото Банско, струмичко, М.Д. (...
Апр 09, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Министерството за здравство информира дека во изминатите 24 часа од 42-ца починати лица, тројца се од Струмица на возраст од 50, 67 и 70 години. 53 ли...
Апр 08, 2021 Вести
Се уште е лоша состојбата со коронавирусот и во Струмица. Денеска 45 новозаразени, а тројца струмичани на возраст од 71 и 81 година починале како посл...
Апр 08, 2021 Вести
Струмичката полиција информира дека девојката В.Б. (20) од Русиново, беровско, ја прегазил автомобил „Нисан“ управуван од 18-годишно момче од Струмица...
Апр 07, 2021 Вести
Вечерва околу 19:40 часот на крстосница на улиците „Ленинова“ со „4 јули“ во центарот на Струмица, на пешачки премин, автомобил удрил во 21-годишната ...
Апр 07, 2021 Вести
Пет струмичани на возраст од 70, 76, 77, 81 и 84 години починале во изминатите 24 часа како последица на Ковид-19, а во цела држава бројката на почина...
Апр 07, 2021 Вести
Градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков денеска информираше дека е завршено асфалтирањето на локалната улица во селото Бориево во должина ...
Апр 07, 2021 Вести
„Денеска целиот свет, под покровителство на Светската здравствена организација го одбележува 7-ми Април како Светски ден на здравјето. По 72. пат овој...