Планинари на Планинарскиот клуб „Ентузијаст“ од Струмица, придружени од планинари од Валандово, утрово од пред споменикот „Македонија“ во Градскиот парк во Струмица, тргнаа кон вечното почивалиште на трагично загинатиот претседател Борис Трајковски во Скопје, одбележувајќи ја 17-годишнината од смртта на вториот претседател на независна Македонија, кој загина во авионска несреќа на 26-ти февруари 2004-та во Босна.
Овој планинарски марш на релација Струмица – Скопје, по 16-ти пат го организира ПАОК „Ентузијаст“ од Струмица, се со цел да не се заборави ликот и делото на Трајковски, како што велат планинарите, на човекот кој неизмерно ја сакаше Македонија и граѓаните.
Поради пандемијата од Ковид-19 планинарите ќе пешачат до село Дедино, Радовишко, а на 26-ти февруари ќе поминат уште една етапа во Скопје до гробот на Борис Трајковски на гробиштата Бутел во Скопје, каде ќе се приклучат на одбележувањето на годишнината од смртта.
Пред тргнување планинарите положија цвеќе пред споменикот на Борис Трајковски, а среќен пат им посака градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски.
Освен до Скопје, триесет планинари од Струмица и Валандово денеска пешачат и по падините на планината Беласица. Тие треба да се искачат на врвот „БоТра“ кој го носи името на Трајковски, на надморска височина од 1.880 метри.
.
.
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...
Фев 25, 2021 Вести
Премиерот Зоран Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја добија Хесенската мировна награда, својот дел, парична сума од 12.500 ...
Фев 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради отстранување на дефект на водоводната мрежа, утре (петок, 26 февруари), од 07:00 часот ќе биде пр...
Фев 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
„Јавната хигиена секогаш е наш приоритет. Со покачувањето на температурите, денеска започнавме со миење на улиците во градот. Во оваа акција се вклуче...
Фев 24, 2021 Вести
Учениците Славе Мирчовски и Зоран Колев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица изработија мебел за потребите во канцеларии на Министерството за образование...
Фев 24, 2021 Веб Билборд
Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...