Делегацијата на Европската Унија во Македонија, денеска напладне во Струмица ја стави на користење на младите од струмичкиот регион третата Европска куќа во Македонија, по Скопје и Крива Паланка.
Сосема новата „Europe House“ е основана од Делегацијата на ЕУ за да им служи на младите луѓе од Струмица и да функционира како младински центар за поширокиот регион.
На денешното отворање присуствуваа премиерот Зоран Заев, амбасадорот на Европската Унија во Македонија, Дејвид Гир и градоначалникот на општина Струмица, Коста Јаневски.
„Европската куќа ќе биде исклучително „жив“ простор во кој младите од општина Струмица, па и пошироко, ќе ги чуваат и негуваат европските вредности, преку разни форми на дружење, инфо-услуги, ЕУ-дискусии, реализација на проекти, промоции на ЕУ-настани, изложби, филмски, музички и мултимедијални настани, работилници и слично. Убеден сум дека оваа куќа ќе биде омилена дестинација за младите и дека сите настани кои ќе бидат реализирани ќе ги дадат посакуваните резултати“ – кажа во своето обраќање градоначалникот Коста Јаневски, кој на младите им го предаде клучот од ова ЕУ куќа, која се наоѓа спроти малиот Градски парк.
.
.
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...
Фев 25, 2021 Вести
Премиерот Зоран Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја добија Хесенската мировна награда, својот дел, парична сума од 12.500 ...
Фев 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради отстранување на дефект на водоводната мрежа, утре (петок, 26 февруари), од 07:00 часот ќе биде пр...
Фев 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
„Јавната хигиена секогаш е наш приоритет. Со покачувањето на температурите, денеска започнавме со миење на улиците во градот. Во оваа акција се вклуче...
Фев 24, 2021 Вести
Учениците Славе Мирчовски и Зоран Колев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица изработија мебел за потребите во канцеларии на Министерството за образование...
Фев 24, 2021 Веб Билборд
Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...