Денеска во Босилово премиерот Зоран Заев, министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска и градоначалникот на општина Босилово, Зоран Зимбаков, ја пуштија во употреба првата Детска градинка за згрижување на деца од предшколска возраст „Среќни насмевки“.
Детската градинка во Босилово е изградена од темел на местото на поранешната амбуланта која беше во руинирана состојба. Парите за изградба на градинката во висина од 15 милиони денари беа обезбедени од буџетот на Министерството за труд и социјална политика, а опремата и ентериерот се обезбедени со пари од буџетот на Општина Босилово. Капацитетот на градинката е за 55 деца, од кои 12 деца во јасли.
„Детската градинка „Среќни насмевки“ денеска не импресионира со шаренилото на множество кое ги нуди за секое дете. Можности за добро воспитување, за добра дружба, за учење, за развивање емпатија, но и за општествена одговорност кај најмалите, кај оние за кои градиме подобра иднина“ – кажа градоначалникот Зоран Зимбаков.
Премиерот Зоран Заев, потенцираше дека ова соработка помеѓу општината и Владата за изградба на Детска градинка е резултат на заедничкиот интерес на локалните власти и централната власт, се со цел да се реализира програмата за изградба на Детски градинки како приоритет на Владата и населението и услови за обезбедување правилен ран детски развој како влог во човечкиот капитал на нашата земја.
„Со изградбата и реконструкцијата на квалитетна инфраструктура за предучилишно образование ги јакнеме и професионалните компетенции на кадарот во градинките, кој има одговорна задача во процесот на градење на личноста на идните наши генерации. Од почетокот на мандатот на оваа Влада до денеска, отворени се 8 градинки со вкупен капацитет од 551 дете, а до крајот на 2021 година, во план е отворање на уште 13 градинки со вкупен капацитет од 1.384 деца“ - кажа Заев.
.
.
Фев 25, 2021 Вести
Изградбата на мостот на реката Турија меѓу населените места Просениково – Сарај, е во завршна фаза. Новиот мост направен по највисоки стандарди е со д...
Фев 25, 2021 Вести
Премиерот Зоран Заев, кој заедно со поранешниот грчки премиер Алексис Ципрас ја добија Хесенската мировна награда, својот дел, парична сума од 12.500 ...
Фев 25, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Комуналец“ Струмица информираат дека поради отстранување на дефект на водоводната мрежа, утре (петок, 26 февруари), од 07:00 часот ќе биде пр...
Фев 24, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
„Јавната хигиена секогаш е наш приоритет. Со покачувањето на температурите, денеска започнавме со миење на улиците во градот. Во оваа акција се вклуче...
Фев 24, 2021 Вести
Учениците Славе Мирчовски и Зоран Колев од СОУ „Никола Карев“ од Струмица изработија мебел за потребите во канцеларии на Министерството за образование...
Фев 24, 2021 Веб Билборд
Поради зголемен обем на работа, Домот за стари лица „Отворено срце“ од Струмица има потреба од медицински сестри и негувателки. Пријавување од понедел...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Синоќа околу 21:00 часот во СВР Струмица, Ј.А.(37) од село Градашорци, општина Василево, пријавила дека од домот се оддалечила нејзината 15-годишна ќе...
Фев 22, 2021 ФЛЕШ ВЕСТИ
Од ЈПКД „Огражден“ од Босилово информираат дека поради дефект на главниот цевовод, денеска и утре (понеделник и вторник, 22 и 23 февруари), ќе има пре...